Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

80 пациeнти не може да се вселат во нов објект заради неплатен долг

0
By Менче Атанасова Точи on March 6, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Должник на фирмата која го градела објектот е Министерството за здравство. Два месеца тешко болните од Психијатриската болница во Бардовци чекаат министерот Филипче да го потпише документот и да се вселат во новиот објект

Околу 80 пациенти од Психијатриската болницата во Бардовци не можат да се вселат во новиот објект иако е  завршен пред два месеца. Станува збор за тешки душевни болни пациенти од четврто и  петто машко одделение кои остануваат во болницата до крајот на животот. Овие пациенти седум години се раселени по другите објекти каде што престојуваат во услови под секое човечко достоинство, во соби пренатрупани со пациенти.

Причината зошто не е пуштен во употреба новиот објект е што Министерството за здравство не исплатило уште 400 000 евра на фирмата која ја реновирала зградата. Од претставништвото на  изведувачот “Ингра“ АД од Загреб велат дека со екс министерот Таравари потпишале договор за да се откажат од тужбата и каматата од 100 000 евра откако претходниот долг од 900 000 евра им беше исплатен.

Но,  и покрај ова министерот Филипче се уште не го потпишува документот со за да има се исплати последната сума.

„Парите од Банката на советот на Европа веќе се стигнати на сметката на Проектната единица на Министерството за здравство но, се уште не можеме да ги добиеме. Во ваква ситуација мораме да ја активираме тужбата повторно и да бараме да си ја наплатиме каматата од 100 000 евра“, изјави за НОВА, Делчо Арсовски од фирмата која ја застапува  “Ингра“ АД од Загреб.

НОВА го праша министерот за здравство Венко Филипче зошто документот за исплата се уште стои непотпишан во неговиот кабинет.

„ Ќе се реши овој проблем, ќе го реализираме деновиве, се прават некои проверки“, кратко одговори министерот Филипче.

Како што објави НОВА во јули минатата година,  цели седум години овие тешко болни се раселени од зградата каде што престојувале со години бидејќи Министерството за здравство, во време на екс министерот Тодоров одбило да и плати на истата фирма која вршела реконструкција на објектот. По ова фирмата поднесе тужба против Министерството за да им се исплатат ратите што им ги должеше ресорното министерство.

Откако НОВА ја објави сторијата Министерството за здравство одлучи да го исплати долгот, а фирмата се обврза во рок од три месеца да го пушти објектот во употреба и ја повлече тужбата со која бараше да им биде исплатена камата.

Изградбата на овој објект се развлече седум години поради незаинтересираност на поранешното раководство во Министерството за здравство кое не ги плаќало сметките кон изведувачот “Ингра“ АД од Загреб.

Сега кога целиот процес со реконструкцијата е завршен пациентите повторно не можат да се вселат внатре заради нерасчистени сметки меѓу Министерството за здравство и фирмата изведувач.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.