Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

800 милиони денари за рамномерен развој на сите 80 општини

0
By Ана Василевска on December 13, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

800 милиони денари или околу 13 милиони евра за 129 проекти од буџетската Програма за рамномерен регионален развој се насочени како директна поддршка на инклузивниот регионален развој за проекти можности за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во урбаните и руралните средини во сите 80 општини во целата држава.

800 милиони денари или околу 13 милиони евра за 129 проекти од буџетската Програма за рамномерен регионален развој се насочени како директна поддршка на инклузивниот регионален развој за проекти можности за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во урбаните и руралните средини во сите 80 општини во целата држава.

Замислена како исчекор кон намалување на социо-економските разлики, поттикнување на единството меѓу руралните и урбаните области и подобрување на севкупната социјална благосостојба на нашите граѓани, за градоначалниците во општините оваа програма и финансиските средства издвоени за конкретни проекти се обврска да осигурат овие средства да се претворат во опипливи резултати за подобрувања на животот на сите граѓани во нашите општини.

„Се надевам дека овие финансиски средства за секој поединечен проект, максимално одговорно и совесно ќе ги искористат.  Заедно треба да градиме инклузивна и одржлива иднина за сите наши сограѓани во државата, да создаваме можности за просперитет кој нема да познава граници“, изјави на настанот на кој беа потпишани договорите меѓу Владата и градоначалниците на 80 општини вицепремиерот задолжен за координација на економските ресори Фатмир Битиќи.

Одржливиот и инклузивен рамномерен регионален развој е од витално значење, тој ја поставува основата на просперитетот  на општеството.

Финансиската поддршка за оваа година од 800 милиони денари или околу 13 милиони евра е наменета за 129 проекти за инклузивен регионален развој на создавање на можности за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во урбаните и руралните средини во сите 80 општини, во осумте плански региони.

Проектите се распределени во 4 групи и тоа проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност; проекти за подрачја со специфични потреби; проекти за развој на селата од програмата за Рамномерен регионален развој; и проекти за развој на урбани подрачја.

440 милиони денари се наменети за 29 регионални проекти кои ќе се реализираат преку осумте плански региони, додека пак 360 милиони денари се наменети за 100 локални проекти кои ќе се реализираат преку единиците на локалната самоуправа, а ги опфаќаат сите 80 општини за намалување на разликите во можностите за економски и социјален развој на граѓаните помеѓу урбаните и руралните средини.

За финансирање на проекти за развој на села Владата одобри 120 милиони денари за 39 проекти, кои ќе го забрзаат руралниот развој и ќе допринесат во  премостувањето на јазот меѓу градовите и селата.

Инклузивниот присетап во поттикнувањето на рамномерниот регионален развој на проекти за развој на урбани подрачја, со која се одобрени 2 милиони евра за финансирање на 29 проекти за развој на урбаните подрачја во сите осум плански региони.

За развој на подрачја со специфични развојни потреби 120 милиони денари со кои општини и здруженија од целата држава ќе реализираат 32 проекти кои ќе бидат фокусирани на задоволување на специфичните развојни потреби на локалните заедници.

Она што е вредно да се издвои е дека оваа година поддршката за рамномерен регионален развој од 800 милиони денари, е речиси двојно поголема од минатата година кога беа поддржани 29 проекти во вкупна вредност од 422 милиони денари.

Од Владата велат дека политиките за рамномерен регионален развој се високо позиционирани меѓу приоритетите на извршната власт на Република Северна Македонија.

Децентрализација за зајакнување на општините за поголена непосредна придобивка за граѓаните

Во рамките на политиките за рамномерен регионален развој е и децентрализацијата со која што се овозможува зајакнување на локалнитe заедници, нивен развој и демократизација, како еден од важните реформски процеси кои се потребни за забрзан развој, но и рамномерен и праведен развој кој ќе одговара на потребите на граѓаните.

Фокусот на децентрализацијата на краток рок треба е ставен на зајакнување на општините преку подобрување на рамката за финансирање и зголемување на нивните надлежности, овозможувајќи висок степен на автономија, без притоа тој никако да не биде на штета на граѓаните, туку во нивна полза, бидејќи општините, како и сите други јавни институции, се сервис на и за граѓаните.

Составен и суштествен дел од овој процеси е и фискалната децентрализација за независност во постапување на општините за поквалитетни услуги за граѓаните. Токму поради тоа, граѓанинот мора да знае дека секој денар кој го плаќа има цел и тој ќе ги види резултатите од плаќањето на даноците.

За да зборуваме за било каква децентрализација мораме да зборуваме за услугите и квалитетот на услугите кои општините ги нудат како и перформансот на општините за тие  услуги но и одговорностите кои тие ги преземаат кон граѓаните.

Фискалната децентрализација заедно со законот и 10 годишната стратегијата за Рамномерен регионален развој треба да осигура дека секој граѓанин е еднаков и има еднакви шанси.

Со стратегијата е предвидено дури 1% од БДП секоја година да се издвојува како инпут за подобрување на благосостојбата на регионите и намалување на регионалните нерамномерности. Во таа насока, за ефикасно следење и спроведување на политиките за рамномерен регионален развој, Владата ја имплементираше дигиталната алатка „Сирера“ за целосна транспарентност и отчетноста на институциите и за точен преглед на сите инвестиции кои произлегуваат од националниот буџет и се инвестираат на регионално ниво.

Електронскиот систем за координација во планирање, спроведување, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој, наречен „СиРеРа“, овозможува лесна и навремена координација на сите владини институции, кои согласно нивните програми и буџети планираат и инвестираат финансиски средства од државниот буџет. Овој систем ја зголемува транспарентноста и отчетноста на институциите, ја подобрува комуникација помеѓу институциите и ја зголемува ефикасноста и капацитетот на програмите. „Серера“, којашто се реализираше со поддршка на Владата на Швајцарија како светски лидер на концептот за децентрализација и рамномерен развој, кога беше пуштена во употреба беше надополнета со 10 годишни историски податоци преку чија анализа лесно може да се утврди трендот на раст на инвестициите кои се поврзани со една важна тема како што е рамномерниот регионален развој.

Развој на општините Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.