Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

81,5 години казна затвор за обвинетите за обид за убиство врз Села

2
By Нова ТВ on July 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основниот суд Скопје 1 ги осуди на вкупно 81 и пол години казна затвор седумтемина обвинети за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села.

Во образложението на судот е наведено дека обвинетите се виновни дека со умисла се обиделе да го убијат пратеникот Зијадин Села откако на 27 април 2017 година влегле во Собранието на Република Македонија и се упатиле во прес центарот на Собранието каде што бил и пратеникот Села.

Никола Војминоски и Александар Јаневски – Тошта се осудени на 13, 6 и на 13 години затвор и ова се двете најголеми изречени казни во овој случај.

„Војминовски и Јаневски го извлекле пратеникот Зијадин Села од местото каде што се наоѓале и  другите пратениците и им овозможиле на другите обвинети да го тепаат оштетениот. Тоа е услов без кој не можело да биде сторено кривичното дело. Дополнителна тежина на делото му дава и тоа што обвинетите Војминовски и Јаневски делото го сториле против избран функционер кој тогаш бил на своето работно место. Тие свесно влегле и недозволено и неконтролирано се движеле  во Собранието“, рече во образложението судечкиот судија.

Како што нагласи судот во образложението, поради агресивно однесување а и поради тоа што Кире Ѓеоргиевски ми го задал последниот удар на Села кога тој веќе бил симнат пред Клубот на пратеници, судечкиот судија му изрече казна затвор во траење од 13 години.

На останатите четворица, Николче Димитриевски, Андреј Мицов, Оливер Ошавковски и Коста Делов судот им изрече 10 и пол години казна затвор.

„Откако Војминовски и Јаневски го извлекле и го тепале Села останатите обвинети продолжиле уште послино и потешко да го маваат по што Цео Ѓеоргиевски и Стојан Павлески кои претходно беа осудени по признанието на вината заедно со Кире Ѓеоргиевски го носеле Села низ Собранието. Кога го симнале долу им се придружил и Ошавковски кој го снимал носењето на пратеникот и ги охрабрувал другите луѓе да продолжат да го тепаат истиот“, образложи судечкиот судија.

Во затворските казни  е пресметано и времето поминато во притвор.

По изрекувањето на пресудата Јавниот обвинител Дарко Јакимовски предложи на сега веќе неправосилно осудените да им се продолжи мерката притвор и куќен притвор се’ до започнување на издржување на казната.

„Со оглед на тоа што на обвинетите веќе им е изречена казна но и со оглчед на големината на казните постои опасност истите да избегаат но и да го повторат кривичното дело“, рече Јакимовски.

Адвокатот Кире Стојановски од судот побара притворот на Андреј Мицов да биде заменет со куќен притвор затоа што, како што образложи тој, здравствената состојба на Мицов е лоша за што Стојановски претходно го известил судот и приложил соодветна медицинска документација.

Останатите петмина адвокати изјавија дека нема да се произнесат по предлогот на обвинителот Јакимовски за продолжување на мерките притвор и куќен притвор.

Судот пресуди на петмина од обвинетите да им биде продолжена мерката притвор, а на двајца куќен притвор, како и досега. Обвинетите имаат право на жалба.

За правото на Села да бара оштета судот го упати на покренување парница во граѓанска постапка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.