При направени 1.430 тестови, регистрирани се 83 нови случаи на КОВИД-19. По градови сликата изгледа вака: Скопје – 45, Битола – 8, Берово – 6, Ресен – 4, Куманово и Гостивар – по 3, Прилеп , Кичево, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Тетово, Кавадарци, Охрид, Штип, Гевгелија и Дебар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни 83, регистрирани се 13 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани 2 починати лица од Скопје (78г) и Струмица (62г) , едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови. Лицата се пoчинати во период од 28.04 – 12.05.2022 година.
Бројот на активни случаи изнесува 535.