Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, почна серија собири со цел освојување на поддршката во очи на изборите следната година.
Публиката се собра на стадионот во Марондера, мал град источно од престолнината Хараре. Оваа година се закажани десет слични собири, јавува БИ-БИ-СИ.
Мугабе на местото претседател е од 1980. година, а планира да се кандидира уште еднаш во 2018 година.
Според последниот попис, 70 проценти од граѓаните на Зимбабве се помлади од 35 години.
Во последно време, неговите поддржувачи беа загрижени за здравјето а Мугабе, бидејќи на последните состаноци е забележан како спие, но, неговиот портпарол рече дека само ги одмора очите.