96 новозаразени од направени 1.314 тестови, е последниот биланс за состојбата со ковид 19 во земјава. Сликата по градови изгледа вака: Скопје – 63, Битола – 15, Куманово, Кичево и Берово – по 3, Тетово и Охрид – по 2, Прилеп, Кавадарци, Велес, Штип и Свети Николе – по 1.
Од вкупниот број на позитивни 96, регистрирани се 13 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.
Бројот на активни случаи изнесува 543.