Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Могерини: Очекувам јасна и силна поддршка за Западен Балкан

1
By Нова ТВ on March 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 6, 2017 09:30

Шефовите на ЕУ дипломатиите денес ги ставија Балканот и Македонија на дневен ред.

По посетата на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини во Скопје пред неколку дена, таа денес ќе им поднесе извештај на министрите за ситуацијата на Балканот.

– Ќе ги известам денеска министрите, а подоцна во текот на неделата и премиерите за ситуацијата која е полна со тензии и којашто е изложена на внатрешни, регионални, но и глобални предизвици. Но тоа е регион кој има капацитет и сила да реагира и да запре такво нешто под услов да постои веродостоен евроинтеграциски процес, а тоа е дел од нашата работа. Од Советот на министри, но и лидерот на ЕУ очекувам да изразат јасна и силна поддршка за Западен Балкан со цел кредибилни евроинтеграциски перспективи“, изјави шефицата на ЕУ дипломатијата пред состанокот на Советот на министри со кој претседава таа.

ЕУ одлучи да му обрне повеќе внимание на Балканот откако во повеќе земји од нашиот регион се појави политичка тензија која може да доведе до нестабилност. Препукувањата помеѓу Белград и Приштина и состојбата во Босна и Херцеговина но и настаните во Македонија запалија црвено светло во ЕУ па дене се очекува да бидат усвоени заклучоци и да бидат испратени остри пораки до сите балкански земји.

Во соопштението на Советот на ЕУ во пресрет на министерскиот состанок се наведува дека „Западен Балкан има јасна европска перспектива, која е основа за стабилноста, помирувањето и иднината на регионот“.

– Се очекува министрите да го потврдат ангажманот и фокусот на ЕУ кога е во прашање регионот, вклучувјаќи го и одржувањето на политичките и економски врски со него. Од тој аспект од клучно значење е развојот на регионалната соработка и добрососедските односи, се додава во соопштението.

Според извори во Брисел, се очекува во заклучоците од министерската средба да се нагласи неопходноста од продолжување на реформските процеси во регионот со цел да се обезбеди „непречено напредување на партнерите од Западен Балкан на европскиот пат“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.