Предлог законот за прекинување на бременоста предизвика жестока дискусија на денешната расправа на собраниската Комисија за здравство. Речиси сите говорници и невладини организации се изјаснија против донесувањето на законот. Министерот Тодоров истакна дека во собранието се поканети невладини организации кои се против законот.
-Подготвен сум да се справам со нив рече Тодоров.
Гинеколизите дебатираа критички кон текстот на Предлог законот, со исклучок на директорката на Клиниката за гинекологија која нагласи дека законот е добар и дека нема да биде на штета на жените.
При крај на расправата се појавија две невладини организации кои бучно ги нападнаа гинеколозите дека самите им сугерираат на жените да одат да абортираат. Станува збор за невладини организации потполно непознати за јавноста кои биле формирани неодамна.