Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зачестија нападите врз новинарските екипи на протестите

1
By Нова ТВ on March 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 11, 2017 16:39

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осуди вчерашниот физички напад врз новинарот на телевизија 24, Христијан Баневски.

„Трендот на насилство и попречување на работата на новинарите и медиумските работници продолжува да биде сериозен проблем. Со тоа се потврдуваат тенденциозните обиди да се загрози слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

 Државата е одговорна за преземање на сите активни мерки за создавање и одржување поволна средина за слободата на изразување, а таквата обврска е и во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права. Комитетот на министри на Советот на Европа, исто така, препорачува да се заштити новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски актери“,се вели во соопштението од СЕММ.

Физички и вербални напади кон дел од новинарските екипи имало на синоќешниот протест. Покрај новинарот на телевизија 24 кој бил удрен со јарбол од знаме од подржувач на иницијативата „За заедничка Македонија“, со навреди и пцости вчера се соочила и екипата на Телма додека анкетирала учесници на протестот.

На еден од протестите физички беше нападната и екипата ан А1 ОН, по што снимателот и новинарот завршија во Ургентниот центар. Организаторите на протестот се оградија од инцидентите бидејќи како што рекоа, не можеле да контролираат толкава маса народ.

Во ниту една друга држава не постои толку јасно организиран бран насилство против новинарите како во Македонија, констатираат новинарските здруженија од регионот. Тие потенцираат дека ситуацијата е лоша и кај нив, но убедливо е најлоша во Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.