Жената во црвениот фустан, која стана симбол на демонстрациите во Турција, е Џеида Сунгур (Ceyda Sungur). Таа вели дека меѓу неа и останатите демонстрамнти нема разлика и дека не сака да биде икона на протестите.
„Во тој парк имаше многу млади луѓе кои полицијата ги прскаше со солзавец. Меѓу мене и нив нема разлика“, вели таа во изјава за CNN.
Кога полицаецот почнал да ја прска со солзавецот на поштадот Tаксим во Истанбул, жената во црвено можела само да се сврти и да си замине.
Но, полицаецот кој беше заштитен со маска од токсичниот спреј и’ се приближи и продолжи да ја прска со солзавец по вратот.
„Секој граѓанин кој ги брани своите човекови права, секој студент кој ги брани своите академски права, беа сведоци на полициската бруталност која јас ја искусив“, вели Џеида која инаку работи како асистент Гимназијата во Истамбул.
Жената во црвено- симбол на турските протести
Да потсетиме дека употребата на солзавец и водени топови од страна на полицијата во растерувањето на демонстрантите ги предизвикаа најнасилни немири во последните десет години во Турција.