Жената ќе може сама да одлучува дали ќе раѓа и како ќе го планира своето потомство. Ниту министерот Тодоров, ниту бил кој друг министер за здравство нема да може да формира Комисија која ќе одлучува за правото на жената да изврши абортус.
Наместо во Министертво за здравство како што предлагаше текстот на Предлог законот, таква комисија составена од тројца лекари ќе си формира самата здравствена установа каде што ќе се врши абортусот. Освен тоа прекин на бременост може да се направи повеќе пати во текот на годината. Ова се измените на амандманите кои беа прифатени доцна синоќа, а ги соопшти министерот Тодоров.
Прифативме амандман со кој се предвидува барањето за прекинување бременост да се достави до докторот кој го врши прекинувањето на бременоста. Советувањето се врши од страна на доктор кој ја врши интервенцијата, изјави Тодоров. Прифатен е амандман каде што присуството на мажот на советувањето не е задолжително, освен ако не го повика
Се очекува законот да биде донесен следната недела, а да стапи на сила по 20 јуни.
Барање за прекинување на бременоста до тим од тројца лекари ќе се доставува по десетата недела од бремност, и тоа исклучиво ако лекарот кој ја прегледува не се согласил да изврши абортус од здравствени причини или доколку жената тоа го прави повеќе пати во текот во текот на годината. Комисијата мора во рок од три дена да одлучи по однос на барањето објаснува Тодоров.
Прифатен е амандман со кој што се утврдува првостепената комисија да ја формира директорот на здравствената установа, а не министерот. Второстепената комисија останува да ја формира министерот за здравство, како и досега.
Она за што се кршеа копјата, за да не биде нарушена приватноста на жената е измената со која до нејзините податоци во нејзиниот здравствен картон ќе има пристап само нејзиниот матичен гинеколог.
.- Имаме 5.300 регистрирани абортуси, нашиот сомнеж е дека во Македонија има меѓу 20 и 30.000 абортуси. Со овој закон и тие абортуси ќе бидат дел од македонската статистика и ќе можеме и врз основа на тоа да преземеме конкретни мерки. Ќе знаеме дека имаме проблеми во одредена возрасна група и тогаш да преземеме мерки изјави Тодоров.
Тодоров не планира да им се извини на жените за првата верзија на законот и за реакциите на ЛГБТ организациите во Македонија потенцирајќи дека лично како министер и како член на Владата не се согласува и не ги почитува нивните ставови.
– Не почитувам да се бориме за хомосексулани бракови, за дозвола на промена на пол, тоа се работи кои се косат со мојот начин на размислување и не гледам тука ништо спорно. Тие нека продолжат да се борат за своите права. Не мислам дека ние треба да бидеме инквизиција и д а преземаме сериозни мерки против тоа, но јас не ги поддржувам и не ги почитувам тие ставови и дека сум убеден дека не можам да се усогласам со организации кои имаат такви ставови по едно вакво прашање, изјави Тодоров.