НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тотален колапс на патриотските вредности

1
By Нова ТВ on March 27, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Така, кога се споменува aлбански службен јазик, иако тоа е реалност која постои веќе долги години, се собираат луѓе и излегуваат на улица и почнуваат да викаат дека јазикот не го давале, а таблите на институциите пред кои тие протестираат одамна се двојазични како што е двојазично и нивното работење, како што се двојазични автобусите со кои тие бесплатно се возат за да одат на тие протести.

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа

Најпогодениот твит по завршувањето на последната прес-конференција на СЈО беше следниот: “Па нормално дека ја сакале многу државата, во која друга држава би можеле толку многу да украдат?!”

Како Албанка, се сеќавам на сите обвинувања дека во западна Македонија не се плаќа данок, дека Албанците не ја сакаат доволно оваа држава и не се лојални кон неа затоа што сите “статистики”, кои Латас не знам каде ги наоѓаше и ги повторуваше секој ден во своите вести, покажувале дека тие не плаќаат данок. Епа сега сигурно има и Албанци индивидуи кои не плаќаат данок (како и такви кои крадат едно цело училиште или пак цел систем на водовод), ама барем не сме слушнале уште за такви кои обвинуваат цела етничка заедница дека не плаќаат данок и вриштат “патриотизам” од своите медиуми преку кои им ги перат мозоците на голем дел Македонци дека Албанците се опасни за оваа држава, додека пак зад кулисите си ги книжат личните работи, било да е тоа саатот Брајтлинг на Латас или пак долната облека на Ивона, како трошоци на фирмите со кои управуваат за да си го вратат данокот. Ептен патриотски, зарем не?

А трагичното е во тоа што државните институции, посебно Управата за јавни приходи, чие име звучи толку моќно и решително, дозволила да се случи сето тоа. Тоа значи дека, ако сомнежите на СЈО се потврдат, УЈП и другите финансиски институции со несторување го помогнале вршењето на тие дела. А истите институции се многу ефикасни кога некои недоволно јаки патриоти се соочуваат со гневот на власта. Така, токму тие државни институции и токму во оваа време, со добро умислено сторување ги “чешлаат”, сметките на невладините организации кои се најкритични кон досегашниот начин на владеење, небаре проектите на USAID се добиваат така, за “убави очи” и дека притоа, за тие пари не се бара никаков извештај.

Тие кои работеле со такви проекти, и тука мислам најпрвин на државните институции кои најмногу придобиле од тие пари, знаат какви извештаи и административна работа се потребни во кои треба да се образложат и најмалите трошоци, бидејќи се работи за пари на американските даночни обврзници, а Американците, како што веќе знаеме, и за разлика од нас, сериозно си го сфаќаат плаќањето данок. Освен работењето на критично настроените здруженија на граѓани, УЈП и другите финансиски институции богами го “чешлаат” убаво и работењето на “одметнатите” градоначалници, сигурно, заради недостаток на таков “патриотизам” каков што тие бараат. Можеби треба да се преименуваат себеси како Управа за јакнење на “патриотизмот”.

Во каква држава живееме? Дали воопшто истата може да се нарекува држава? Која држава во светот си дозволува да замижи пред затајување на данок од големи размери? Нема ли оваа нашава држава било каков инстинкт на егзистенција и на самоодбрана или пак истиот се јавува само кога таа се соочува со вековната “опасност” која доаѓа од Албанците? Така, кога се споменува aлбански службен јазик, иако тоа е реалност која постои веќе долги години, се собираат луѓе и излегуваат на улица и почнуваат да викаат дека јазикот не го давале, а таблите на институциите пред кои тие протестираат одамна се двојазични како што е двојазично и нивното работење, како што се двојазични автобусите со кои тие бесплатно се возат за да одат на тие протести.

Не го давале јазикот, ама нивните пари кои со мака ги делат за да платата данок (да не бидат како “клетите шиптари” де, кои не плаќаат данок), ги даваат без да помислат што се случува со нив, без да помислат дека тие кои се плаќаат со нивните пари, својот данок си го затајуваат за да добијат уште повеќе пари и уште подолго да ги трујат со невистини околу нивните сограѓани и големата “опасност” која доаѓа од нив. Е браво за таквиот “патриотизам”!

А овие пак, што не биле А1 и божем плаќале данок, се жалат сега дека новоотворените истраги на СЈО биле атак врз слободата на медиумите. Нека ми каже некој што е врската помеѓу сопственик на медиум или главен уредник, и раководител на приватна фирма кој затајувал данок?! Не постои таква врска. Делата за кои овие лица се под истрага не се поврзани со нивното работење во медиумите, иако за омразата што ја шират може и треба да се соочат и со некоја нова истрага. Слободата на медиумите, како и секоја друга слобода, доаѓа со обврски. Нема право или слобода која со себе не носи обврска. Нема право или слобода која при нејзиното спроведување може да го наруши правото или слободата на друг.

Сепак, акцентот овој пат, е во работењето на Латас и Ивона во рамки на нивните фирми преку кои, според СЈО, тие набавиле работи за лична употреба а ги книжеле како трошоци на фирмата, што не смееле да го направат и преку што затајувале данок. Ако тоа некако се поврзува со слободата на медиумите, тогаш најубаво би било сите да отвориме по некој портал, весник, радио или телевизија, и така, да се здобиеме со имунитет од гонење за затајување на данок. Што убаво би било! Сите би можеле да купуваме часовник како на Латас или пак гаќи како на Ивона, и сето тоа да го регистрираме на име на фирмата и да не плаќаме ДДВ!

Да беа само часовникот и гаќите ајде, ама работава не завршува тука. Ете, имаме и злоупотреба на службената должност, за која Фатиме Фетаи образлагаше во прес-конференцијата. Имено, СЈО се сомнева дека помошник министер на МВР ја злоупотребил својата должност и набавил автомобили од фирмите кои немале економски најисплатлива понуда, иако тоа бил единствен критериум на тендерот, а со тоа, ја оштетил државата за околу 450.000 евра. А за директорот на основното училиште во Зајас пак, СЈО се сомнева дека без да се спроведе постапка за тендер и спротивно на задолженијата дадени од Министерство за образование склучил договор за градење на ново училиште во износ од 200.000 евра.

Во целава работа само за едно нешто се чудам: зошто помошник-министерот и директорот не се жалат дека со тоа што СЈО отворило истрага против нив, тешко го нарушило нивното право да ја обавуваат нивната службена должност?! Како смее СЈО да се меша во нивното работење, без разлика какво е? Каква таква, службена работа си е службена работа, кој е СЈО да се меша?! Ако истрагата против Латас и Ивона автоматски значи напад врз слободата на медиумите, истрагата против помошник-министерот и директорот несомнено е напад врз извршувањето на службената должност и службеното работење. Оти во рамки на таквото работење спаѓаат и разните малверзации во врска со тендерите, нели тоа е цврсто воспоставена пракса во Македонија? Која е СЈО да се буни и да покрене истраги за овие работи? Да беше тоа нешто важно и опасно, како што е опасна Албанската платформа, сигурно ќе имаше патриоти на улица кои протестираат против тоа, нели?!

Патриотски или не, СЈО за еден ден ни посочи четири примери како дрско се краделе државни пари. А не се мали пари. 450.000 евра од колите на МВР, 200.000 евра од школото во Зајас, и околу 160.000 евра данок затаен од Латас и Ивона, тоа се 810.000 евра. Затоа е важно парите да се вратат и некој да оди во затвор за тоа што го направил. За тоа што ни го направил на сите нас!

И за да покажам што е разликата помеѓу земјите кои најстрого ги казнуваат затајувачите на данок и земјите во кои истите ги бранат, ќе завршам со уште еден интересен твит:

“-Колку плата земаш во Америка?

-3.000 долари. А ти во Македонија?

-200 долари.

-Само толку?

-Еее, ама јас сум спомнат 33 пати во Библијата, ти не си!”

Во Библијата, се наоѓа еден од десетте заповеди Божји: “Не кради!”. Ви пожелувам убава недела, Библиски народе.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.