НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ со уште еден партиски документ бара решение на кризата

1
By Нова ТВ on April 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ денеска промовира документ наречен „Манфест за единствена Македонија“, со кој според промоторите, Никола Попоски, Антонио Милошоски и Илија Димовски има насоки, начела и принципи кои се однесуваат за владеењето во следните 15 години и се заснова на четири принципи: национално обединување за се што значи национален интерес и интеграција, владеење на правото и пазарна економија за подобар стандард на секој граѓанин.

Според ВМРО ДПМНЕ „Манифестот“ е визија за Македонија како:

– единствена матична земја на Македонците, каде обединети живеат со сите граѓани кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите народи,им припаѓа подеднакво на сите свои граѓани без разлика на потекло, религија, мајчин јазик, а преку неа тие ќе се здружат со сите балкански народи во рамки на Обединета Европа, ја одржува историската врска со македонската дијаспората како нераскинлив дел од нашата нација,ја истакнува македонска традиција на соживот и сплотеност во различностите, дава исти права и бара исти обврски од сите, а успехот и среќата во животот зависат од способноста на секој човек поединечно

Во партискиот документ се предвидува и редовен дијалог меѓу опозицијата и власта во Македонија за прашања од национален интерес.

– Членството во ЕУ и НАТО е наш интерес и обединувачка цел, каде природно припаѓаме. Со цел да обезбеди поефикасна прекугранична соработка во соседството, корисно е формирање на европски регион помеѓу Македонија и соседните земји за подобро користење на ЕУ-фондови, особено во делот на зачувување на природата, водите и транспортните коридори, рече Никола Попоски, додавајќи дека документот е понуден на СДСМ да го прифати.

Во однос на името, тој истакна дека нема да се прифати промена на Уставот за промена на уставното име.

– Нема да дозволиме кое било решение да биде прифатено од страна на политичари и поединци, Влада или Собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а притоа мнозинството граѓани кои ќе излезат на рефендумот да се согласат со можното решение, рече Попоски.

Илија Димовски, пак рече дека занчајно за консттуктивен меѓуетнички дијалог е и спроведување на попис на населението.

– Пописот мора да е статистичка, а не политичка операција кој ќе се води строго според методологијата на европската статистичка агенција „Еуростат” и Организацијата на Обединетите Нации, изјави Димовски.

Според него, неопходно е национално обединување околу целите за подобра економија, повисок раст, повеќе инвестиции, поуспешни претприемачи, новоотворени работни места за нашите граѓани, затоа што тоа е навистина најпотребно.

ВМРО-ДПМНЕ неодамна објави и Патоказ за излез од политичката криза, што бше одбиен од страна на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ Манифест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.