Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТМ: Притворањето на Кежаровски е опасна владина политика

0
By Нова ТВ on June 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 11, 2013 11:50

Во извештајот за мај на невладината Транспарентност Македонија се наведува дека непримерно е постапувањето на припадниците на МВР при приведувањето на осомничените – меѓу кои и новинарот Томислав Кежаровски – за откривањето на идентитетот на заштитениот сведок во долгогодишниот судски предмет кој се води пред Основниот суд во Велес, познат под називот „Ореше“.

„Од објавените снимки, дадени од МВР на медиумите, јавноста можеше да види класичен пример на несоодветно демонстрирање полициска сила. Точно е дека приведениот новинар не бил физички нападнат и загрозен од десетиците полициски специјалци, но самото нивно
присуство во толкав број, времето на приведувањето и целата „акција“ како да се работи за особено опасен криминалец, остава впечаток на крајно 11 непрофесионално полициско однесување.

– Потоа, на општа зачуденост на стручната и општата јавност, следуваше притвор и за осомичениот новинар за податок објавен во текст публикуван во 2008 г.! На истражните органи им требале 4-5 години за да прочитаат еден новински текст, за да ги покренат
антитерористичките полициски единици за апсење и притворање на „опасниот“ новинар!, се вели во извештајот на Транспарентност Македонија.

ТМ нема сомневање дека во МВР биле свесни дека споменатиот новинар ниту се криел, ниту пак се очекувало да пружа каков било отпор при неговото приведување. Притворањето на овој новинар, пак, е само уште еден случај на стотици неоправдано притворени луѓе во
последните 5-6 години кои ниту можеле да го повторат делото, да избегаат од државата или да влијаат врз сведоците.

ТМ подолго време предупредува дека власта, паралелно со зголемувањето на неуспесите во владеењето, ќе ескалира во примена на сила во селектирани случаи кон новинарите, со цел да го зголеми нивото на стравот во новинарската професија и, генерално, во општеството.

ТМ смета дека апсењето и притворањето на новинарот Кежаровски е дел од ваквата опасна и недемократска политика на Владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.