НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ:75 проценти од продажбата на лекови оди на товар на граѓаните

0
By Нова ТВ on April 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 75 проценти од вкупната продажба на лекови во Македонија паѓа на товар на граѓаните. Само 25 проценти од продажбата на лековите ја плаќа Фондот за здравство. Ова ја става Македонија меѓу последните 4 земји во Европа каде што државата најмалку субвенционира лекови за своите граѓани,  соопштија од СДСМ.

„Итно е потребно да се формира новата реформска Влада, којашто веднаш ќе се посвети на заштита на здравјето на граѓаните! Фрапантен е податокот на Европскиот здравствен потрошувачки индекс, едно од најрелевантните истражувања за Европската комисија!

Владите од цел регион, на Бугарија, Србија, Словенија, Грција, на Црна Гора… повеќе им помагаат на своите граѓани, кога се во прашање субвенции за потребните лекови.

Ова им се случува на граѓаните на Македонија во услови на огромна сиромаштија, кога над 500.000 граѓани живеат под работ на сиромаштијата.

И наместо да им се помогне на граѓаните, тие уште остануваат без лекови на рецепт по 15 во месецот. Мораат да ги плаќаат лековите приватно, од свој џеб, затоа што така го уредила ова прашање оваа неодговорна власт во заминување.

Новата реформска Влада веднаш по формирањето ќе се зафати со решавање на овој проблем. Нашата крајна цел е да има достапни и квалитетни лекови за граѓаните на рецепт во текот на целиот месец“, велат од СДСМ.

Од партијата најавија дека планираат и зголемување на буџетските средства за лекови.

„Така ќе овозможиме поголема достапност на поскапите лекови, што се од витално значење за пациентите. Со тоа ќе ги поправиме лошите резултати во ЕХЦИ индексот и ќе покажеме дека Македонија може да има и ќе има одговорна влада којашто, меѓу другото, сака може и ќе обезбеди квалитетни лекови за граѓаните, со поддршка од државата“, соопштија од СДСМ.

лекови Фонд за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.