Благодарение на различностите ќе продреме кон пошироката заедница. Со Г. Агатангел немаме лична караница, си подадовме рака.
Европскиот митрополит Пимен во интервју за НОВА вели дека повикувањето на насилството е недозволиво, а ако протестите за црквата Свети Константин и Елена беа спонтани сигурно дека и свештенството на МПЦ ќе земеше учество.
„Немам порше, имам возачка дозвола и заедно со часовите извозени со инструкторот имам поминато само 100 километри“, рече владиката.
Дали тој би прифатил да го замени испразнетото место во Полошко – кумановската епархија по упокојување на владиката Кирил? Дали на синодските седници добива укор од поглаварот Стефан за својата активност на социјалните мрежи?
Со Европскиот митрополит Пимен разговараше Билјана Ставрова