НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА открива: Серија жени жртви на истиот гинеколог

3
By Менче Атанасова Точи on April 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жената која нејзиниот гинеколог цели девет месеци ја манипулирал и лажел дека е бремена, не е единствена. Веднаш по објавувањето на сторијата на НОВА, во редакцијата се јавија десетина  жени кои раскажаа слични искуства со гинекологот против кој е поднесена тужба. Некои од нив застанаа со име и презиме зад своите изјави, други сакаа да бидат објавени со нивните иницијали.

Своето искуство со гинекологот го сподели Л.К од Скопје. Таа вели дека штом го видела текстот на НОВА знаела за кој лекар се работи.

„Истото ми се случи и мене со гинекологот Никола Дамчевски додека работеше во една приватна болница. И мене ми соопшти дека сум бремена, иако бев сигурна дека не сум бидејќи пред да ми направи ЕХО направив тест за бременост. Знаејќи колку желно чекаме бебе, излезе во ходникот и гордо му соопшти на мојот сопруг дека ќе стане татко, дури го викна да го види бебето на ЕХО. Мојот сопруг полета од радост, а јас пред лекарот му реков да не се радува непотребно бидејќи јас знам дека не сум бремена.

Му реков на гинекологот дека ме боли стомакот бидејќи очекувам месечен циклус. Тој ме убедуваше дека стомакот ме боли заради тоа што сум бремена. Јас му се јавив утредента да му кажам дека добив месечен циклус, а  лекарот упорно ме убедуваше да ми направи Ин витро, тој лично. Јас повеќе не сакав да го видам. Да си играш со нечии чувства е многу болно“, раскажа Л.К. од Скопје.

Друга пациентка, Билјана Крстевска, се чуди како гинекологот се уште работи и тоа во јавно здравство бидејќи, како што вели,  многу пати бил пријавуван:

„Јас имам многу лошо искуство со гинекологот. Заради него за малку ќе ја изгубев шансата да се реализирам како мајка. Ми даваше терапија која не сум смеела да ја примам, а воопшто не ми кажа дека имам тумор на матка. Се ова за малку ќе ме чинеше живот. На Клиника за гинекологија ме оперираа и одвај  ме спасија. Се е во парите “, изјави Крстевска на НОВА.

Таа вели дека особено подложни на манипулација се жените кои се борат со стерилитет, се обидуваат да забременат со Ин витро, а во тие моменти за нив лекарот е господ. Да лажеш жена која очајнички сака да стане мајка е ужас, вели И.Н од  еден град во внатрешноста.

„Мене истиот овој гинеколог ме лажеше дека ми прави Ин витро на природен циклус. Ми направи лажен трансфер и ме остави да лежам во сала повеќе од еден час иако имав платено болничка соба.

За тоа време отишол во болничката соба каде што ме чекаше сопругот и му побарал веднаш да плати, но рекол дека не може да му даде фискална сметка бидејќи не му работи фискалната каса. Сопругот му дал 40 000 денари на рака. Лежев дома две недели во надеж дека ќе успеам да забременам.

Во меѓувреме, гинекологот  ми рече проверка да направиме во мојот град и веќе не го видовме, не одговараше на телефон. Освен фискалната сметка за пункција, друг доказ немам инаку и јас ќе го тужев“, изјави И. Н. за НОВА.

Една од жените која сакаше да остане анонимна, за НОВА  раскажа слична сторија- дека исто така поднела пријава против гинекологот, но ја повлекла од обвинителство бидејќи не сакала да се потсетува на тоа како била изманипулирана и низ какви трауми поминале со сопругот.  Случајот е ист како кај нашата соговорничка која имаше храброст да ја раскаже својата приказна иако анонимно, но со докази и медицински документи.

Како започна откривањето на случајот со гинекологот

Се почна од вчерашното сведоштво на пациентка која ни изјави дека цели девет месеци била лажена и манипулирана од гинекологот кој и давал  хормонална терапија од која и растел стомакот. За време  на лажната бременост, докторот правел гинеколошки прегледи, и го мерел грлото на матката, ја убедувал дека е бремена, ја терал да прима непотребни лекарства и терапии и правел гинеколошки скрининзи за детално да се прегледа плодот.

На секој преглед и давал ехо снимки на кои се гледа плод, кои претходно ги имал претходно подготвено да и ги даде,  и давал хормонална терапија за вештачки да се покажат параметри кои ќе ја убедат дека е бремена, и кажал дека носи машко дете и вршел детални прегледи каде во детали го опишувал плодот.

„Секоја недела одев на ЕХО преглед, а тој упорно ме убедуваше дека сум бремена. Цели девет месеци ми даваше хормонална терапија од која ми се зголеми стомакот, а од непотребните лекови и инјекциите против коагулација на крвта цело време крварев.

Лекарот на секој преглед ме убедуваше дека тоа е нормално и дека со бебето е се во ред. Ми покажуваше слики од бебе направени на ЕХО, ми пушташе да му ги слушам отчукувањата на срцето, а подоцна ми призна дека всушност ми пуштал да го слушам сопственото пулсирање на срцето. Ги мереше димензиите на бебето, неговата должина, должината на бутната коска, главата, “, изјави за НОВА, оваа четириесет годишна жена.

Таа поднесе кривична пријава  против гинекологот и против него во обвинителство се води истрага за следните кривични дела: Тешки дела против здравјето на луѓето, Измама и Фалсификување на исправа. Со честите вагинални прегледи таа вели дека била и сексуално вознемирувана.

За да се извлече од сето ова, гинекологот планирал да и направи царски рез или киретажа со целосна анестезија и да и каже дека бебето било мртво. Тоа му го кажал на сопругот кога му соопштил дека“ кога мислеле дека е бремена, неговата сопруга воопшто не била бремена“. Тој не дозволил такво нешто и лекарот морал да и ја соопшти вистината на жената која чекала подготвена за породување.

Надлежните институции не презеле ништо, на потег е тужба за гинекологот

Еден ден по ова, на 7 ми април минатата година,  сопружниците за случајот писмено ја известиле Лекарската комора, а подоцна и Министерството за здравство. Лекарската комора иако за случајот знаеле цела година не превземале ништо, од како што велат, технички причини.

„Во Лекарската комора на Македонија е поднесена претставка за предметот, а активностите околу спроведувањето на стручниот надзор  над стручната работа на докторот се во постапка. Во повеќе наврати направени се обиди за реализација на надзорот, но од објективни причини тој досега не се реализира“, се вели во одговорот на Лекарската комора.

Марија Хаџи Лега, директорка на Гинекологија

Директорката на Клиниката за гинекологија каде што од септември минатата година е вработен гинекологот, Марија Хаџи Лега се уште не се изјаснила за случајот.

Гинекологот Дамчевски вчера изјави дека кажал се што имал во обвинителство и дека не сака да разговара се додека не заврши постапката.

„Тоа што сум го направил сум го кажал таму каде што треба. Тврдам дека не сум загрозил ничиј живот, не дошло до губење на органи, не сум убил човек, не сум направил ништо лошо што ќе донесе непријатности понатаму во животот“, изјави Дамчевски за НОВА.

Тој потенцира дека досега не бил осудуван, дека не наштетил на ниту една пациентка, а вакви работи постојат за пациентки да се извлечат од дадена состојба. Не сакаше да каже дали тој имал други вакви случаи.

Ирена Фрчкоска, адвокатка

Освен тоа, сопружниците ангажирале адвокат, а за случајот ги известиле  Министерството за здравство и Лекарската комора. Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска за НОВА изјави дека лекарот мора кривично да одговара и да му биде забрането да ја врши дејноста за да не наштети и на други пациентки.

„Овој лекар нема морален основ да врши лекарска дејност и треба кривично да се казни. Имаме граѓанска и социјална обврска да ја известиме јавноста, со цел да превенираме во иднина да не повтори вакво монструозно и нехумано дејствие на друга жена. Тој не смее да биде заштитен со вработување во државна Клиника за гинекологија, туку неговото кривично дело треба да и биде познато на целата јавност“, изјави за НОВА Фрчковска, адвокатка на оштетената.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.