Министерството за здравство објави оглас во дневните весници со кој ги повикува лекарите од приватните болници да се вратат во јавното здравство. Повикот се однесува на специјалистите кои се вработени во приватните болници, а имаат желба да се вратат во државните болници и тие кога ќе аплицираат освен основните податоци, треба да наведат дали досега работеле во јавна здравствена установа.
Дали е ова очајнички повик на министерот Тодоров да ги пополни испразнетите места? Има ли расположение на лекарите да се вратат назад? Дали реформите и промените во законската регулатива се доволна причина да го направат тоа, се смени ли нешто по нивното заминување?
-На јавното здравство му требаат суштински промени, а не шминка. Ние во приватните болници имаме одлични услови за работа и добри плати, изјави за НОВА неврохирургот Кирил Лозанче кој пред две години си замина од Клиниката за неврохирургија.