НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Општина Центар се гради колку и во цела држава

0
By Нова ТВ on June 14, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во 2012 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 300,3 милиони евра.

Од нив, 194 милиони евра се за објекти кои не се во индивидуална сопственост, значи се во сопственост на државата или на фирмите.

Во скопската Општина Центар се изградени 133 државни објекти и објекти во сопственост на фирми и оваа бројка е најголема споредено со сите други скопски општини, но и со сите други статистички региони во државата, освен пелагонискиот, каде што бројката на вакви објекти е поголема и изнесува 158. Но, нивната вредност од 43 милиони евра е далеку помала од вредноста на ваквите објекти изградени на територијата на Општина Центар, чија вкупна вредност е над 71 милион евра.

Уште повеќе, вредноста на деловните и државните објекти во скопски Центар е поголема од сите вакви објекти во сите статистички региони во земјава заедно, освен пелагонискиот. Вкупната вредност на сите овие објекти во сите 6 статистички региони, без пелагонискиот, но вклучувајќи го и скопскиот регион (без Општина Центар) изнесува 70 милиони евра или еден милион евра помалку од ваквите објекти изградени само на територијата на Општина Центар.

Во скопскиот регион, пак, најблиску до Општина Центар по бројот на изградени објекти во сопственост на државата или на фирмите е Кисела Вода со 62 вакви објекти наспроти 133-те во Центар, но вредноста на ваквите објекти во Кисела Вода е само 6,3 милиони евра наспроти вредноста на оние во Центар, кои вредат 71 милион евра. Вредноста на сите вакви објекти во остатокот од скопскиот регион, кој ги опфаќа сите скопски општини и други општини надвор од градот, изнесува 26,9 милиони евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.