НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богетиќ: Проектираниот раст за регионот е неинспиративен

0
By Нова ТВ on June 14, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЈИЕ6, стапки на невработеност, 2012, Приближните податоци за Косово сугерираат невработеност од 35 отсто.

Само пред шест месеци, во претходниот „Редовен економски извештај“ на Светската банка за Југоисточна Европа, кој покрива шест балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, и Србија (ЈИЕ6), погледот беше свртен кон повторна рецесија и воведување структурни политики, кои беа неопходни за економско закрепнување, пишува на официјалниот блог на Светската банка, Жељко Богетиќ, главниот економист на оваа институција за Југоисточна Европа.

„Сега, пак, среќни сме што можеме да известиме дека закрепнувањето е тек во секоја од овие земји. Во 2013 година, регионот ЈИЕ6, е проектиран да порасне 1,7 проценти, со што би се ставил крај на повторната рецесија од 2012 година. Електричната енергија, земјоделството, па дури и дел од извозот помагаат кон растот на излезните компоненти. Косово води во растот со 3,1 отсто, со Србија (која сочинува речиси половина од БДП во регионот) на второ место која се очекува да порасне за 2 отсто заради зголемувањето на странските директни инвестиции, извозот и враќањето на вообичаените нивоа на земјоделско производство. (Во 2012 година, земјоделското производство во Србија падна 20 отсто заради големите суши). Албанија, Македонија и Црна Гора сите се очекува да пораснат за помеѓу 1,2-1,6 отсто. Оваа група ја заокружува Босна и Херцеговина со очекуван раст од 0,5 отсто,“ пишува понатаму Богетиќ.

Значи ли ова дека работите конечно се подобруваат на Балканот? Не сосема, смета тој.

Еврозоната сѐ уште е во рецесија. Горните стапки на раст – иако подобри од рецесијата – се неинспиративни и премногу мали за да можат да повлијаат врз високата стапка на невработеност. Големината на предизвикот се илустрира со бројките за невработеноста, која се стабилизира над 20 отсто по кризата. Во 2012 година, стапката на невработеност во ЈИЕ6 остана блиску до својот врв од периодот на кризата (виолетови дијаманти на графиконот). Просекот за регионот беше за 22,8 отсто во 2012 година, повеќе од двојно од 11,2 отсто од просекот во 11-те земји нови членки на ЕУ од Источна Европа.

За жал, не постои лесно решение, смета Богетиќ и додава дека клуч за намалување на невработеноста е дополнителен робустен раст. За да се постигне тоа, земјите ќе треба да одржуваат интелигентни фискални прилагодувања, значително подобрување на инвестициската клима и конкурентност и да продолжат со зајакнувањето на нивните финансиски системи за поддршка на закрепнувањето на заштедите, инвестициите и кредитирањето. Покрај тоа, поагресивна политика е потребна на неколку фронта: поттикнување на претприемништвото и развојот на мали претпријатија; инвестирање во вештини; отстранување на бариерите за мобилност и вработување на работници.

Едноставно кажано, земјите ќе треба да работат многу повеќе на големи структурни реформи за да се постигне забрзување кое ќе помогне да се „избега“ од патеката на низок раст и високата невработеност, заклучува главниот економист на Светската банка за Југоисточна Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.