НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РНМ: Да се идентификуваат и казнат тепачите на новинарите

0
By Нова ТВ on April 29, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регионалната неформална иницијатива „Новинарска мрежа“ најостро го осудува нападот на македонскиот парламент, во кој беа повредени повеќе од стотина луѓе, меѓу кои и неколку новинари. Нив насилниците, приврзаници на националистичкото ВМРО, револтирани од одлуката Талат Џафери да се именува за претседател на Собрание, ги означија како наклонети на социјалдемократите и албанското мнозинство и ги тепаа и ја уништија нивната опрема за работа, велат од „Новинарска мрежа“.

„Нашата колешка Искра Опетческа, новинарка на ТВ21, се здоби со сериозни повреди на главата, откако еден од демонстрантите кои влегоа во парламентот ја удри со столица во глава, бидејќи како што и рекол „работи за албанска телевизија“, пишува во реакцијата.

Освен неа, нападнати се и повредени главниот уредник на ТВ 21, Фатмир Алиу, кој исто така доби повреди на главата, потоа новинар на агенцијата „Мета“, кои насилниците го означија како близок со СДСМ.

Новинарката на Радио Слободна Европа, Зорана Гаџовска, беше жртва на напаѓачите во Собранието.

„Насилникот кој ја нападна и и ја скрши камерата идентификуван е како вработен во владината администрација“, посочуваат колегите од Новинарска мрежа.

Новинарската мрежа бара од македонските власти темелно да го истражи овој напад и да ги казни организаторите и тепачите, како и на колегите новинари да им се обезбеди сигурност во вршењето на работните задачи.

„Неприфатливо е полицијата да не го предвиди и спречи овој насилен упад, особено со оглед на тоа дека бројни демонстранти најавуваа пресметка на социјалните мрежи. Неприфатливо е од Македонија постојано да доаѓаат вести за напад на новинари, а тие да не доживеат адекватна реакција од државата, ефикасно полициско и судско процесуирање.Бараме адекватна реакција и од меѓународната заедница и меѓународните организации“.

новинари Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.