Откако турскиот премиер Ердоган вчера ги предупреди демонстрантите кои го окупираа централниот парк Гези во Истанбул, дека треба да го напуштат пред митингот на владеачката партија, закажан за денеска, полицијата на Таксим влезе со булдожери.
Во оваа последна акција на полицијата против демонстрантите на Таксим, повредени се најмалку 23 лица.
Во меѓувреме, луѓето се собираат на протести низ другите градови во Турција, најмасовни се собирите во Анкара.