Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Ќе ја вратиме функционалната држава

0
By Влатко Чаловски on May 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 11, 2017 11:00

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во своето прво обраќање како спикер вели, при функционирањето на парламентаризмот и Собранието, еден од основните проблеми е односот меѓу мнозинството и опозицијата во Парламентот.

– Во изминатиов период мнозинството секогаш на опозицијата гледало како на политички противник кој треба да се победи, а на моменти и политички да се елиминира…опозицијата не е декор, туку треба да виде активна во сите процеси. Таа треба да биде свесна дека парламентарното мнозинство треба да ја спроведе и реализира својата програма, рече Џафери.

Зборувајќи за овие предизвици, Џафери рече дека ќе работи токму на овие прашања, но успехот ќе зависи од сите 120 пратеници.

Талат Џафери изрази надеж дека со неговиот избор, конституирањето на Собранието и наскоро изборот на новата влада, државата ќе се врати на својот пат кој води кон создавање функционална држава со самостојни и функционални институции.

– Враќањето во нормална општествена состојба која подразбира почитување на принципите на парламентарната демократија, владеењето на правото и почитувањето на човековите права и слободи како индивидуални така и колективни, па се до слободата на говорот, нема да се случи преку ноќ. Тоа е процес кој ќе трае еден подолг период. Парламентарното мнозинство транспарентно покажува дека тоа е наша заедничка обврска која ќе не доведе до саканата цел, а тоа се евроатлантските интеграции, потенцираше Џафери.

Зборувајќи за насилството во Собранието, тој во своето обраќање рече дека не сака да ги спомнува, но како претседател на Собранието, пратеник и граѓанин не прифаќа и не поддржува насилство, но институциите се тие кои треба да ги истражат и да ги казнат одговорните.

Спикерот, обракајќи се на конференцијата во организација на граѓанската асоцијација МОСТ тема “Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание” пред претставници на граѓанскиот сектор порача дека ќе биде целосно отворен за иницијативи во функција на јакнењето на парламентарната демократија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.