https://www.facebook.com/NovatvWeb/videos/872228879594509/
Лидерот на СДСМ Зоран Заев е мандатар на новата Влада, откако денеска напладне претседателот Ѓорге Иванов му го врачи мандатот.
-Коалицијата што ја предводи СДСм која има мнозинство во Собранието го предложи Зоран Заев на кого ќе му биде доделен мандатот за состав на Влада на РМ, рече Иванов.
Заев рече дека двете пречки за доделување на мандатот се отстранети – претседателот на Парламентот Талат Џафери го испрати писмото, а тој ги доставил гаранциите што ги побара Иванов. Заев пред медиумите го прочита текстот.
-Во име на формираното парламентарно мнозинство ја давам следната изјава: Гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот и тероторијалниот интегритет, независноста и мултиетничноста на РМ. Гарантираме заштита на уставниот поредок и тероторијалната целина на РМ. Гарантираме заштита на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани , без оглед на етничката, религиската и јазичната припадност. Гарантираме дека процесот на носење на одлуките за граѓаните на РМ ќе биде во согласност со основните дмеократски принципи и владеење на правото, не до ведувајќи ја РМ во положба потчинетост, зависност спрема друга држава. Ниту еден документ, Платформа, декларација, акти или дејствија кои би биле спротивни на погоде наведените ставови не може да бидат услов за формирање или делување на Владата на РМ. рече Заев.