Главната расправа за случајот Тврдина 2 е одложена за 3 јули, бидејќи не е повикан ниту еден од сведоците.
Претходно, по паузата судијката Лидија Петровска ги прифати доказите кои ги достави Специјалното јавно обвинителство со кои го поткрепува обвинението за екс началникот на УБК Горан Грујевски и уште шестмина вработени во УБК, кои се товарат дека уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите
Обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото за кое се товарат.
Одбраната на обвинетите во случајот Тврдина 2 прво побара Судот да го отфрли обвинението затоа што се засновало на незаконски прибавени докази.
Обвинителите од СЈО пак, кажаа дека без разлика што се работи за класифицирани докази тие се прибавени на законит начин, односно поднесено е барање до Управата за безбедност и контраразузнавање која сите докази ги доставила до СЈО.
Обвинителот Трајче Пеливанов додаде и дека доказите не се наменети за да станат јавни, туку само за потребите на судската постапка со која ке се поткрепи и потврди кривичното дело кое го сториле обвинетите.




