НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светлината на Милица Стојанова и Љупка Џундева

0
By Биљана Секуловска on May 27, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под диригентска палка на светски прославените маестро Владимир Ашкенази од Русија и пијанистот Симон Трпчевски на отворањето на Македонската филхармонија не успееја да се провлечат две големи актерки.

Тие актерки не беа поканети на отворањето на новиот објект на Филхармонијата, која славеше 73 години од своето постоење.

Без присуството на Милица Стојанова и Љупка Џундева  во оваа земја, културата немаше да ја има светлината која им припаѓа и ни ја подариле, идентитетот ќе луташе како осамен човек кој пуштил коса и брада и не знае каде да се упати и кому да се обрати за да се распраша за патоказите, за да се лоцира седиштето на огорченоста и самотијата, тогаш кога не може да се дознае потеклото на коренот и наследството на расцветаниот изданок.

На славењето на новата Филхармонија ги разгледувам внимателно сликите на луѓето кои биле поканети. Половина од нив се луѓе под истрага за криминал, корупција, злоупотреби, истраги кои одамна ги започна и објави Катица Јанева и нејзиниот тим.

Миле Јанакиески со сопругата

Тука се поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески со сопругата- тој со некаква полу насмевка во темно одело, чии пантолони сосема долу се малку прешироки и изгужвани, таа со портокалов шал безгрижно префрлен на едното раме, нешто како плагијат на носијата на Индира Ганди, ако ги изоставиме отворените сандали од кои се раштркале прстите на сите страни. Тие прсти изгледаат невешто, како да сакаат да побегнат, да не се тука, не со овој свет, не тука каде што сакаат да не припаѓаат, каде што светот ги гледа со полузамижани очи, пред да му натежнат капаците и не заврши во сон, каде што тие нема да му се појават.

Никола Груевски со сопругата, после половина час задоцнување го бара своето столче

Низ сликите е и Сашо Мијалков со сопругата, Никола Груевски исто така со сопругата, а потоа се појавува една слика на која е една жена, која личи на мајката на Груевски и за која тврдат медиумите дека токму и таа е на сликите.

Сашко Кедев и Ганка Самоиловска-Цветанова

Овие луѓе додека се приближуваат кон своите седишта цврсто ја држат испечатената програма со која Ашкенази и Трпчевски ќе ги заплиснат со ноти, ја држат така таа програма додека не им побелат рацете и не им се впие мастилото со кое е напишан редоследот на нивниот престој во новата зграда на Филхармонијата.

Љупчо Тодоровски-Радникот со сопругата

Додека Ашкенази и Трпчевски лебдат, поканетите гости седат во претесните столчиња,  над нив се мислите кои им се судруваат, преплетуваат и здивуваат, срипуваат на секој посилен звук кој може да заличи на сирена, полициска сирена која им се приближува, се додека не им експлодира главата.

Елизабета Канчевска е тука, министерката за култура, која за време на крвавиот четврток се гушкаше со маскираните напаѓачи, тие и бацуваа рака, таа ракоплескаше важно, им се радуваше, ги славеше, се стресуваше и повторно ги прегрнуваше, како после половина век да ги видела повторно своите браќа, кои некаде се изгубиле, некаде, низ подземните лавиринти каде стаорците престојуваат, преживуваат и се котат, за да и се придружат во постелата и трпезата, за да и ги наполнат црните вреќи кои се полни со пари, зло, измачувања и изживувања.

И навистина, големите актерки Милица Стојанова и Љупка Џундева со право и не добија покана на отворањето на Филхармонијата. Тие немаа зошто да бидат тогаш таму, тие едноставно не му припаѓаат на ова друштво со грчевито стиснатите програми за вечерта со Ашкенази и Трпчевски, друштво кое се сепнува на секој ненадеен допир на искривеното рамо од тежината на случаите на СЈО, на секоја сенка која ќе им се испречи пред мрежницата, на секој повисок тон при спомнување на нивното име.

Милица Стојанова и Љупка Џундева се актерките кои ги немаше таа вечер, затоа што тие луѓе таму не ги заслужуваа. Ќе поминат години, децении, програми и Филхармонии, ќе поминеме и ние, сите ќе заминеме. Таа вечер секако дека ќе се заборави, се додека не залута некое ливче со сликите на побелените раце на луѓето под истрага, тогаш кога Ашкенази и Трпчевски им го даваат сопственото волшепство. Вистинското прашање тогаш ќе се постави – зошто Ашкенази и Трпчевски биле таму, добога? И тогаш, некој ќе го даде одговорот- затоа што тоа бил нивен избор, нивна судбина, која како крст ја носеле целиот свој живот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.