Движењето БЕСА ја информира јавноста дека таа нема да биде дел од идната влада, бидејќи мандатарот за формирање влада не беше подготвен за ги прифати принципите на заедничкото владеење со Движењето БЕСА и околу истите да потпише заеднички договор, стои во официјалното соопштение од Движењето БЕСА.
„По неколкудневните преговори меѓу Движењето БЕСА и Социјал-Демократскиот Сојуз на Македонија, денес се состанаа Централното Претседателство и Централниот Совет на Движењето БЕСА, каде е усвоен извештајот за текот на реализираните преговори.
Како и да е, Движењето БЕСА ќе продолжи да биде конструктивен политички фактор во Македонија, останувајќи заштитник на албанските, но и на севкупните граѓански интереси во државата. Притоа ја информираме јавноста дека без оглед на тоа што БЕСА останува опозициска партија, таа ќе ја поддржи секоја иницијатива што ќе биде во полза на Албанците и државата, а во насока на имплементација на потребните реформи и нашите врати ќе бидат секогаш отворени за секој кој тежнее кон тие принципи.
Денес со право и БЕСА може да се гордее дека беше дел од процесот за уривање на режимот Груевски-Ахмети, но нашата задача уште не е довршена. Останувајќи конзистентна на своите принципи, БЕСА денес докажува дека таа останува на страната на Албанците и на другите граѓани во земјата, а ние сме убедени дека гласачот многу брзо ќе препознае оваа разлика на политичкото делување на БЕСА и во наредните избори овој режим целосно ќе падне“, се вели во соопштението.