Директорот на Клиниката за неврохирургија се наоѓа на информативен разговор во полициска станица, откако бил фатен како зема мито од пациент, дознава НОВА. Информацијата ја потвдија и во МВР.
„По пријава на граѓанин лекарот е повикан на информативен разговор во полициска станица, се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.
Неофицијално НОВА од извори на клиниката дознава дека директорот на неврохирургија наводно земал пари од таткото на болно девочје кое требало да биде пратено на лекување во странство. Наводно, заедно со него во кабинетот биле уште двајца познати неврохирурзи. Се шпекулира, дека во шкафот кај него се пронајдени и поголема сума на пари. Од МВР, не потврдуваат за колкава сума на пари се работи.