Случајот „Таргет“ во чиј што рамки се истражуваше кој го нарача масовното присушување на граѓани од тајната полиција, во неделата што следи ќе доживее обвиние. Специјалното обвинителство ќе покрене обвиниенија и за други случаи во деновите што следат, но извори за НОВАТВ во обвинителството говорат дека меѓу нив сигурно ќе биде „Таргет“, а помеѓу обвинителите можно е да се најдат и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и неговиот братучед и бизнисмен Сашо Мијалков.
Во времето додека се одвиваше прислушувањето на повеќе од 20,000 граѓани во рамки на неколку години во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Мијалков беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, додека Груевски беше премиер. Специјалното јавно обвинителство утврди дека Груевски не бил таргет, а го има единствено во разговорите со другите луѓе кои биле следени.
Кои луѓе биле таргет на политичкиот врв
Бинзисмени, новинари, политичари, неистомисленици, директори на јавни претпријатија, лекари, уметници, но и сомнежи за следење амбасадори, па дури и љубовници и сопруги, ова се само мал дел профилите на луѓето кои што беа прислушуни од власта. Обвинителката Ленче Ристовска кон крајот на ноември соопшти со сигурност биле следени министрите од владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Екс-министерката Гордана Јанкуловска била прислушувана 732 дена незаконски, а екс-министерот Миле Јанакиески, кој поседувал неколку броеви, бил следен 732 дена на едниот, 553 на вториот, додека 816 дена на третиот број.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил следен најмалку 338 денови на едниот број и 867 денови на другиот свој број. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи и на едниот и на другиот телефонски број бил следен 1257 денови.
Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, на едниот бил следен 320 дена, а на другиот број 92 дена. Муса Џафери од ДУИ бил следен 1658 денови и слично.
Новинарот Борјан Јовановски бил следен и на двата свои телефонски броеви кои ги користел. Од 31.02.2010 до 10.01.2013 година е следен на едниот број додека од 25.12.2012 до 10.03.2015 е следен на другиот број кој го користел.
Новинарката Сашка Цветковска била следена од 10 фебруари 2014 до 15 март 2015 година, вкупно 183 дена во тој период.
Комуникациите на новинарката Мери Јордановска биле следени од февруари 2014 до март 2015 година, додека телефонот на Горан Михајловски, уредник на сајтот „Сакам да кажам“ бил следен од 01.02.2013 до 10.03.2015 година.
Следени биле уште десетици други новинари, а повеќето од нив веќе поднеле тужби преку адвокатот Филип Медарски.
СЈО во октомври објави дека постои основано сомнение за 10 лица вработени во УБК кои преку злоупотреба на системите за следење на комуникациите незаконски прислушувале и ги повредиле основните човекови права и слободи на граѓаните.
Ова обвинение на Суд ќе изведе највисоки функционери од поранешната влада кои што го нарачувале и изведувале и изведувале незаконското прислушување кое се одвивало во периодот од 2008-ма до 2015-та година.