Австралискaтa премиерка Џулија Гилард ќе ја напушти функцијата, откако австралиската Лабуристичка партија гласаше да замине од лидерската позиција, јавува Си-Ен-Ен.
Таа самата го иницираше гласањето за сопствената иднина по неколку месеци на внатрешните фракции на партијата.
Нејзиниот ривал, поранешниот премиер Кевин Руд, ќе го заземе местото како лидер на партијата, по освојувањето на внатрешното гласање со маргина од 57-45 гласови.
Тој станува де факто австралиски премиер и ќе положи заклетва за неколку часа, ако вршителот на должноста шефот на Австралија-генералниот гувернер го одобри за оваа функција.
Кралицата Елизабета е официјален шеф на државата Австралија.