НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата изготвува акциски план со реформи за влез во ЕУ и НАТО

0
By Влатко Чаловски on June 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На инклузивна консултација Владата денеска оствари работен состанок со невладиниот сектор и медиумите, каде се предложени пет теми за работни групи кои ќе дадат свој придонес кон Итните реформски приоритети.

Премиерот Зоран Заев, потенцирајќи дека реформите се неопходни за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ, рече дека владините очекувања се до крајот на годинава да се добие чиста препорака за преговори со ЕУ, а наредната да се добие и датум за отворање на поглавјата за полноправно членство.

„Намерата на Владата е до крајот на годината, Република Македонија да добие чиста препорака за почеток на преговорите со Европската Унија, а идната година да добиеме датум за почеток на преговорите за полноправно членство. Обезбедивме позитивен политички амбиент за овие цели“, рече Заев, потенцирајќи дека тоа е препознаено и од Брисел и од Алијансата.

Владеењето на правото, реформите во јавната администрација, изборите, Собранието и независните регулаторни тела како и медиумите се темите на кои ќе работат работни групи со цел изготвување на план по кој треба да работи Владата.

Премиерот воедно рече дека во сите демократски и граѓански ориентирани сили гледа партнер на патот кон реформите.

„Владата уште од првиот ден почна со интензивна агенда. Бевме во Брисел каде бевме примени на највисоко ниво, што е уште еден поттик за нашата посветеност кон евроагендата кој е план без алтернатива“, изјави пак заменик0претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Рече Османи.

Како што информираше тој, реформскиот план на Владата ќе се базира на Пржинскиот договор, Охридскиот рамковен договор, Итните реформски приоритети од извештајот на експертот Прибе, Препораките од ОБСЕ/ОДИХР, Венецијанската комисија и сите останати релевантни институции кои имаат свои препораки кон Македонија.

Планот за евроинтеграции ќе му биде претставен на еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан при неговата посета в понеделник, при што е најавено негово учество на седница на македонската влада, а како што рече Османи по одржувањето на кредибилните избори, останува да се завршат реформите за Македонија до октомври да добие безусловна препорака за членство во ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.