Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Во Министерство се делеле високи хонорари заедно со платите

2
By Менче Атанасова Точи on June 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 23, 2017 19:04

Во Министерството за труд и социјала се делеле високи хонорари на вработени кои парите ги добивале паралелно со платите. Станува збор за вработени раководители на сектори, државни советници, луѓе од кабинетот на екс министерот Диме Спасов. Висината на нивните хонорари ја утврдувал екс министерот Спасов. Министерката Мила Царовска за НОВА обелодени дека станува збор за нестручни луѓе кои биле ставани во комисии кои одлучувале за суштински прашања како што е посвојувањето на деца, на пример.

„Не може во комисија за посвојување да биде мојата шефица на кабинет, на пример или некој што нема допирна точка со општествени науки. Во ова Министерство не се градело, туку се рушело во изминатите 11 години. Таму има државни советници кои не ја разбираат проблематика. Освен платата некои вработени во администрацијата добивале хонорари од разни проекти, комисии, а парите ги добивале паралелно со платата. Тоа е недозволиво, администарцијата треба да работи за плата. Дополнителните хонорари може да бидат искористени за услуги кои тоа Министерство ги нуди и ако ги сумираме цените, може да отвориме и некој сервис. Како пример, само едно лице за четири месеци ангажман во таква комисија земало  сума од 235 000 денари“, изјави за НОВА министерката Царовска.

Станува збор за буџетски средства, како и пари добиени од проекти од меѓународната заедница.

Табели од сумите на хонорарите за 2016 и во првите четири месеци во 2017 година(без имиња на вработените).

Екс министерот Спасов и неговиот заменик трошеле големи суми на буџетски средства и по ресторани, не се штедело воопшто, тие се луксузирале наместо да се испорачаат парите до луѓето на кои што им се потребни“ , рече Царовска.

Утврдено е дека злоупотреби имало и во делот на правата на додатокот за трето дете.

„На некои семејства им се остарува правото на додаток за трето дете, за по две години да има се укине со образложение дека мајката нема доволно години за стекнување на државјанство. Како преходно било проценето поинаку, се испушта да се види тоа, а по две три години е утврдено дека не може да оствари право за надоместок за трето дете. Тоа е манипулација и злоупотреба“изјави Царовска.

Покрај ова, констатирано е дека три Центри за социјална работа во Македонски Брод, Валандово и Демир Хисар немаат кадровски услови согласно законот и тие требало да бидат затворени. Овие центри немале вработени, а решенија се носеле од други центри наместо да се направи распределба на кадарот од Министерството.

Повеќе од раговорот со Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика можете да гледате во недела во емисијата ПРОЦЕС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.