НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ховит: Состојбите во медиумите се длабоко загрижувачки

0
By Борјан Јовановски on June 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија е пред опасност да го изгуби кандидатксиот статус, ова е една од најважните поенти кои известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит ги изнесе во вчерашното интервју за НОВА. На прашањето на новинарот дали е вистина е дека Македонија би можела да го загуби својот кандидатски статус, Ховит отсечно одговори дека поради бројните внатрешни проблеми тоа е можно сценарио.

„Да, поради соптвените проблеми како парламентарна демократија, функционирањето на соодветен Парламент, слободата на печатот, и би сакале или не, земјата се движи надоле на меѓународната сцена во изминативе години, сопствените проблеми што се должат на различни аспекти во прогресот, што се должи на почитување на човечките права, владеењето на правото, политичкиот плурализам.
-Тоа се длабоки предизвици кои никој од владата или некој од политиката не ги негира. Овде не се работи само за прашањето со името. Некои луѓе велат дека само тоа е пречка за земјата. Јас длабоко посакувам решение за прашањето со името, но се работи за повеќе од тоа“, вели Ховит за НОВА.

Ховит изрази и екстремна загриженост по однос на прашањето за слободата на медиуми потенцирајќи дека состојбите се влошени.

„Многу од моите пријатели во земјата нема да го признаат тоа, но навистина се влошени состојбите. Ние можеме да зборуваме и поединечно, за одредени ТВ канали и секоје може да биде дискутирано, но целосната слика е длабоко загрижувачка“, вели Ховит.

Тој го посочи и новиот закон за медиуми како предмет на загриженост.

„Јас бев уверуван дека постои јавна расправа за тоа и дека сега следи втората рунда и сакам Здружението на новинари и сите кои се грижат за слободата на медиуми да се осигураат дека ќе бидат испратени коментари, да се погрижат јавноста да ги слушне нивните ставови, а потоа за оние кои се критични кон новиот закон и кои сакаат да видат напредок во однос на слобадата на медиуми кога Европската унија ќе го оценува тој напредок, кога јас ќе оценувам и ќе го ставам тоа пред Европскиот парламент за да се гласаат политичките достигнувања во таа сфера, наша задача ќе биде да оцениме колку законот ја рефлектира регулатива или не. И тоа е прилично јасна изјава за сите кои го следат овој проблем и се грижат за слободата на медиуми во земјата“, одговори Ховит.

Во врска со настаните од 24 Декември и со политичкиот дијалог генерално, Ховит истакна дела екстремната поларизација на партиите и општеството е загрижувачка, а демократијата во земајта е незадоволителна.

„Но, мојот апел во март и мојот апел сега е без разлика кои се несогласувањата во земјата, без разлика на личните анимозитети, има поголема слика таму надвор, а големата слика е дека ова е земја која страда од длабока сиромаштија, притисната од светската економска криза, се бори да придобие инвестиции кои и се потребни, каде има мир и стабилност кои не се уживаат еднакво насекаде. Ние разбираме дека односите помеѓу двете етнички заедници се кревки, тоа е земја каде демократијата се уште не е задоволителна, без разлика дали станува збор за медиумите или за граѓанските организации, независен, плуралистички, неполитизаран, непартиски пракси во граѓанското општество се вистински предизвик не само во земјата, туку во сите земји од Западен Балкан“, истакна Ховит.

Во однос на името Ховит рече дека решение мора да има наскоро и дека тоа решение може да дојде во било кое време, иако засега нема никаков успех на ова поле.

„Никакви успешни преговори не се презентираа во јавноста. И во многу прилики кажав дека ова прашање ќе дојде кога најмалку се очекува. Се што јас можам да кажам е дека на мојата последна средба со премиерот Груевски, тој ми кажа дека доколку тој влезе во дијалог за прашањето по името се би било поразлично. И во право е што го вели тоа. И секако го охрабрив да направи се што е во негова моќ. Јас разговарав со еврокомесарот Штефан Филе минатата недела за ова, и јас и тој ја делиме мислата дека сеуште е се возможно. Ние не можеме да предвидуваме, и нема да предвидуваме што ќе се случи, денес или утре, тоа е надвор од наша контрола.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.