НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпионски игри!

0
By Нова ТВ on June 27, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Некои тоа го направија поради пари, некои тоа го направија поради идеализам, а некои воопшто и не го направија. Во САД се случиле голем број на скандали од висок профил вклучувајќи ги и фајловите од Пентагон за време на администрацијата на претседателот Ричард Никсон.

Воениот аналитичар, Даниел Елсберг ја изнесе на виделина папирологијата од 7000 страници на Пентагон во 1971. Документите со врвни тајни открија дека високи американски лидери, меѓу кои и тројца претседатели, знаеле дека војната во Виетнам била залудна. Документите понатаму покажуваат дека владата го лажела Конгресот и јавноста за прогресот во војната. Елсберг им се предаде на властите и подоцна беше обвинет за шпионажа. За време на неговото судење, судот дозна дека администрацијата на претседателот Ричард Никсон започнала кампања за дискредитирање на Елсберг, прислушувајќи го незаконски и провалувајќи ја канцеларијата на неговиот психијатар. Сите обвиненија против него беа отфрлени. Оттогаш тој живее мирен живот како почитуван автор и предавач.

Џонатан Полард е раздорна личност во односите САД-Израел. Поранешниот разузнавачки аналитичар на американската морнарица беше фатен при шпионирање за Израел во 1985 година и во 1987 беше осуден на доживотен затвор. Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху јавно го повика претседателот Барак Обама да го ослободи Полард откако неговата сопруга лично го побарла тоа од Нетанјаху.

Вен Ху Ли беше научник во Лос Аламос Лабораторијата во Ново Мексико, кој е обвинет во 59 наврати за префрлање на класифицирани информации на компјутерски ленти кој ги доставувал на Кина. Ли на крајот се согласи да се изјасни виновен по пребројувањето на злоупотреби на класифицирани информации, откако обвинителите сметаа дека нивниот случај би бил преслаб. По девет месеци во самица тој беше ослободен. Откако ги тужеше Ли подоцна доби и 1,6 милиони долари во одделни спогодби со владата и пет новински агенции. Владата ја обвини за проток на штетни информации за него до медиумите.

Неколку членови на администрацијата на Буш беа обвинети за малопродажба на фотографија на Валери Плам, така што ја откриле нејзината тајна задача во 2003 како оперативец на разузнавачките служби на САД, откако нејзиниот сопруг, поранешниот амбасадор Џо Вилсон, во Њу Јорк Тајмс постави неколку прашања за основните факти на неколку операции кои администрацијата ги искористила за да создаде аргументи да се почне војната со Ирак.

Во 2007, Луис „Скутер“ Либи, поранешниот шеф на кабинетот на заменик-претседателот Дик Чејни, беше осуден по обвиненијата поврзани со изнесување на идентитетот на оперативецот на ЦИА, Валери Палм. Либи беше осуден за попречување на правдата и кривоклетство во врска со случајот. Неговата 30-месечна казна беше заменета од претседателот Џорџ Буш. Чејни се сретнал со специјалниот обвинител во 2004 година на кој му кажал дека тој немал идеја за протекот на информациите.

Алдрик Ејмс, вработен во ЦИА, се изјасни за виновен по обвиненијата за шпионажа во 1994 година и беше осуден на доживотен затвор. Ејмс беше оперативец на дело на ЦИА кој специјализирал во Советските разузнавачките служби и им предавал тајни информации на КГБ од 1985. Разузнавачките служби на САД веруваат дека информациите пренесени од страна на Ејмс довеле до апсењето и егзекуцијата на руски официјални лица кои биле регрутирани да шпионираат за нив.

Роберт Хансен се изјасни како виновен за шпионаша по обвиненијата во 2001, а за возврат од бладата бараше да не добие смртна казна. Хансен својата шпионажа ја започнал за Советскио Сојуз во 1979, 3 години откатко заминал да работи за ФБИ, а обвинителите, велат тој заработил над 1 милион долари за информации со кој оперирал во текот на Студената војна. Во 1991 година, тој ги расипа односите со КГБ, но продолжил со шпионажа во 1999, овој пат со Руските разузнавачки служби. Тој беше уапсен во парк во Вирџинија во 2001.

Џон Вокер го водеше затворениот круг на шпионска мрежа татко – син, предавајќи тајни материјали на Советскиот Сојуз од 1967 до 1985 година. Вокер беше специјалист во морнарицата на САД. Соочен со финансиски проблеми тој преку Советската амбасада ја продава навигациската опрема. Морнарицата и официјалните лица од Армијата изјавија дека Вокер им овозмошил на СССР да ја дешифрираат воената комуникација и во секој момент да ги наведат позициите на американските подморници. Како дел од договорот обвинителството понуди помилување за синот на Вокер, Мајкл – поранешен член на морнарицата.

Бредли Манинг е специајлист во ЦИА, кој е обвинет за давање на класифицирани материјали на Викиликс, група која што го овозможува протокот на тајни информации. Менинг е виновен за 10 од 22 обвиненија и може да се соочи 20 години затворска казна. Но тој се изјасни за невин во повеќето обвиненија, како што се помагање на непријателите на САД, со што се соочува со можна казна – доживотен затвор.

Поранешниот разузнавач Едвард Сноуден се откри како изнесувач на информации на американската влада – програма од страна на американската Национална агенција за безбедност за следење на мобилни телефони и повици како и следење на e-mail и интернет сообраќај на речиси сите Американци. Сноуден побегна во Хонг Конг по копирањето на последениот сет на документи, известувајќи го својот претпоставен дека му е потребно да отиде на медицински третман.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.