Жителите на населбата Железара се револтирани на најавата на Министертвото за екологија дека ќе ги толерираат загадувачите кои работат во комплексот на поранешна Железарница.
Граѓаните велат дека е доведено во прашање нивното здравје и здравјето на нивните деца и апелираат до надлежните да изнајдат начин со кој ќе ги натераат загадувачите да стават филтри или хауби со кои ќе се спречи ширењето на чадот и опасната прашина во воздухот.
Секое одлагање е на штета на населението во овој регион велат соговорните кои ги анкетиравме. Министерство за екологија најави дека ќе ги толерира загадувачите до април 2014 до кога треба да се прилагодат кон стандардите на ЕУ.