НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неофицијално: Директорката Аспазија Софијанова ќе биде разрешена

1
By Менче Атанасова Точи on June 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА дознава дека од функциите ќе бидат разрешени и директорите на Клиниката за гинекологија и акушерство, Марија Хаџи Лега и на Клиниката за очни болести, Илијаз Исмаили.

Аспазија Софијанова ќе биде разрешена од функцијата директорка на Клиниката за детски болести, неофицијално дознава НОВА од свои извори. Иако за неа имало силни лобирања и притисоци, наводно одлуката за нејзината смена била донесена денеска.

Во ист пакет, од функциите ќе бидат разрешени и директорите на Клиниката за гинекологија и акушерство, Марија Хаџи Лега и на Клиниката за очни болести, Илијаз Исмаили.

Нашите извори велат дека на клиниката за гинекологија од три можно кандидати за избор се уште не е одлучено кој ќе седне на директорското столче, велат нашите извори, додека Беким Татеши ќе седне на директорското столче на Клиниката за очни болести.

Министерот Арбен Таравари ниту ја потврди, ниту ја демантираше оваа информација. Тој посочи дека кадровски смени ќе има во текот на оваа недела и наредната недела, така што планираат до септември да завршат кадровските смени на сите клиники и болници во државата. Таравари рече дека повеќето од директорите биле избрани по строго партиска линија , но имало и такви кои покажале резултати во работењето и ќе останат на функциите.

„Процесот е во тек се скенираат сите клиники, добиваме одредени информации и од отворените телефонски линии и од лични контакти. Досега се сменети двајца директори, ќе продолжиме и оваа недела и во тек на следната недела со кадровските смени за до септември да биде завршен тој процес“, изјави министерот Таравари за НОВА.

Но, вработените сметаат дека овој процес оди многу бавно и бараат тоа да бидат слободоумни и професионални личности. Таравари нагласи дека нема да ги игнорира ваквите барања и дека тоа ќе биде прв услов при изборот.

„Пред се критериум ќе биде професионалноста, да биде авторитет  кој може со своите квалитети да биде успешен директор. Јас нема да бидам успешен министер ако немам квалитетни директори да помагаат во развојот на клиниката. Ќе инсистирам во изборот да влијае и стручниот колегиум. Овој период на утринско кафе ќе посетам неколку клиники и болници, тоа го правев и досега и веќе имам информации каде што треба да се смени. За жал, повеќето од нив се избрани по одредена партиска линија, а некои и ќе останат“, рече министерот Таравари.

Смената на економските директори сепак не може да се случи веднаш бидејќи за тоа се потребни промени во Законот за здравствена заштита. Според  информациите законот веќе се работи,  а во тоа учествуваат коморите,  синдикатот, претставници од здруженија на пациенти и сите што се инволвирани. Се тоа ќе направи директорите сами да се повлечат, така што по еден  директор е доволно на секоја клиника, дали тоа ќе биде лекар или менаџер не е важно, вели Таравари.

Според министерот ќе се прави ревизија на сите клиники да се види досегашното работење и зошто тонат во долгови.

„Ќе се ревидира зошто тонат во долгови. Тоа ќе биде заедничка работа со новиот директор на ФЗО кој ќе седне со еден тим од Министерството за здравство  дали е  проблем буџетот или неспособноста на директорите. Ќе видиме што може да се направи, дали ќе им с е даде дополнителен буџет или  поголем буџет. Зашто во минатото имало некои директори кои биле блиски со поранешниот министер и добивале поголеми буџети“, изјави за НОВА министерот Таравари.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.