Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мукоски и Грозданов на грчките острови додека УЕФА ја чека Македонија

0
By Нова ТВ on June 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 30, 2017 11:50

„Болмо Клуб Палма Рива Бич Хотел“ е  хотел е одморалиште на вториот по големина остров во Грција, Еритеа. Неделен апартман за двајца вон сезона чини околу 1,200 евра. Или минималната цена за ноќевање е 200 евра.

   На првата фотографија е Грозданов во базен, а на втората е Мукоски на терасата

Токму на денот кога владата обзнани дека виси одржувањето на Суперкупот на УЕФА во Македонија, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, неговиот брат и директорот на Јавното претпријатије за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов одмараа во овој ресорт на грчките острови. Читател на НОВАТВ ни испрати фотографии на кои што се гледа дека токму во време кога се одлучува дали Македонија ќе успее да ги стигне роковите за да ги задоволи критериумите за одржување на Суперкупот меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед во Скопје, старите пријатели се релаксираат.

И Грозданов и Мукоски беа повикани на одговорност за скандалот со подготовките на македонскиот стадион кои што ја ставија на ризик шансата на Македонија да биде домаќин на спортски хепенинг од светско значење.

Цветко Грозданов не одговори на јавните повици од експертите да се испита дали постои корупција во јавните набавки со оглед на партиските и приватни релации.

УЕФА нотирала серија технички проблеми и побарала итна санација до 15 јули кога тие ќе дојдат во контрола. Едни од проблемите се и неинсталираната климатизација, немањето простор за камиони и репортажни возила, планот за евентуална евакуација и многу други. Генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски обзнани дека Цветко Грозданов како директор на Јавното претпријатије за стопанисување со станбен и деловен простор му доделил тендер за поправки на стадионот токму на фирмата на братот на Крсто Мукоски и обвини дека и покрај тендерот фирмата досега не инсполнила никаква обврска. А Грозданов дури и не ја платил се уште котизацијата од 2 милиони денари во УЕФА.

„Правиме напори за соодветно електрично напојување во случај на дефект“, рече Рашковски. Тој нагласи дека Владата ќе ги забрза работите за одржување на Супер Купот во Скопје. „Ако не се одржи во Скопје, загубата ќе биде на цела Македонија“, рече тој.

Рашковски рече дека Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор треба да направи алокација на средства од 2 милиони денари за да се исполнат стандардите на УЕФА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.