Ова е исповед на жена жртва на семејно насилство која ја отвори својата душа пред камерата на НОВА. Била претепувана од нејзиниот сопруг, мачена со разни предмети, со месеци затворана во домашен притвор.
Тепани и мачени биле и нејзините деца.
Но, еден ден по 25 години брак собрала храброст и го пријавила во полиција. Од тогаш иако се развела, живее во уште поголем пекол. Тепањето продолжило, а покрај со сиромаштијата и борбата за гол живот оваа жена живее и во страв дека еден ден ќе биде убиена заедно со детето.
Во државата никој не превзема ништо за да ја заштити. НОВА ја пренесува нејзината потресна приказна интегрално. Во исто време ги потсетуваме граѓаните доколку се во можност да помогнат бидејќи жената не е во можност да си ја плаќа киријата во влажната соба каде што живее, повремено чисти по куќи, а нема пари да купи лекови за своето дете. На потег е и Министерството за труд и социјала, да одговори зошто оваа жена неможе да добие социјална помош и да и помогне.