Published: Saturday, July 8, 2017 22:09
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 21 часот и 31 минути во Охрид.
Земјотресот бил на длабочина од 2 километри, на 11 километри северо-западно од Ресен и на 8 километри источно од Косел. Граѓаните се вознемирени, дел од нив спијат во кампови или во своите возила. Во текот на денот забележани се два земјотреси, еден од 3,1 степен според Рихтеровата скала и другиот од 2,1 степен по Рохтер.
Ноќта што измина во Охридско беа почувствувани седум земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтер ги вознемири жителите четири минути по полноќ.
Во последните три недели во охридскиот регион имаше над 1000 земјотреси.




