Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска – и официјално заменик-претседател на СДСМ

0
By Нова ТВ on June 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 30, 2013 20:32

На 15-тиот Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, едногласно беа усвоени предложените измени и дополнувања на Статутот на партијата.

Една од одлуките, исто едногласно, е и новата функција на Радмила Шекеринска- заменик-претседател на СДСМ.

Претходно, претседателот на СДСМ , Зоран Заев во говор изјави дека Македонија и нејзините граѓани заслужуваат многу понадежна и посветла иднина- СДСМ тоа ѝ го должи на Македонија и тој долг ќе мора го подмириме . Во обраќањето тој возврати и на критиките кои неодамна на негова сметка ги пласираше премиерот Никола Груевски:

– Денес, човекот што им ја скрши кичмата на граѓаните на Македонија, го пеплоса ’рбетот на државата, човекот што во име на античките корења на нашиот народ го порази и погази достоинството на земјава и македонскиот народ сè уште не сфаќа дека има огромна разлика помеѓу свиткана кичма и скршена кичма. Ние сме силата што мора да ги оневозможи ветата што Груевски и неговата владеачка номенклатура ѝ ги наметнаа на Македонија. Притоа да бидеме на јасно – СДСМ нема да дозволи прав да падне врз нашиот национален идентитет, нашиот национален јазик и нашата национална посебност – рече Заев.

Во говорот пред делегатите Заев зборуваше и за европските перспективи на Македонија:

-Се распрснаа како меур од сапуница надежите на граѓаните за членство на земјава во европското семејство на држави. Македонија благодарение на концептот на премиерот не е ни вредна за спомнување од европските авторитети. Од лидери, станавме најголеми балкански лузери. Тажно и разочарано гледаме во грбот на довчерашните европски аутсајдери – Србија и Косово, а пред седум години чекоревме заедно со Хрватска – утре таа е полноправен член на ЕУ. За дебаклот Груевски дрско и безобразно ги обвинува сите – опозицијата, домашните предавници, меѓународната заедница… Цел свет е виновен, само тој не, рече Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.