Синоќа точно на полноќ, Хрватска стана 28. членка на Европската унија. Централната прослава се одржа во главниот град, но освен во Загреб, во секое „ќоше“ на Хрватска на посебен начин беше одбележан овој историски ден.
На плоштадот „Бан Јелачиќ“, за синоќа беше најавено пристигнување на досега најголем број делегации во историјата на оваа земја по осамостојувањето.
Во повеќето градови беа планирани прослави, концерти, изложби, саеми. Посебни програми беа подготвувани во пограничните подрачја, кои се во соседство на некоја од досегашните членки на ЕУ.
Точно на полноќ, на граничниот премин Брегана кон Словенија, требаше да биде симнат знакот „Царина“, а на граничниот премин Бајаково, кон Србија, требаше да биде поставена табла со натпис „ЕУ“.
Прославата доаѓа десет години по поднесувањето на барањето на Хрватска да стане полноправна членка на Европската унија.
„Хрватска мина значаен праг кој трајно ќе го промени животот на овој народ“, напиша на својот Твитер профил претседателот на Европскиот Совет, Херман Ван Ромпуј.