НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов модел за бенифициран стаж-шест години немало комисија за барањата

0
By Менче Атанасова Точи on July 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Цели шест години не постоела Комисијата за утврдување на бенефициран стаж во Министерството за труд и социјала со што не можело да бидат разгледувани барања на работниците за утврдување на професиии со бенефициран стаж. Правилникот кој постои од 2011 година не се почитувал ,а работите биле запоставувани и не можело да се направи ревизија, потврдија од Министерството за труд и социјала. Вкупно  28 452 работници во државата се со бенефициран стаж(полиција, армија, рудари), а  41 161 имале варијации во својот бенефициран стаж.

Овие работници  кои имаат прекин во бенефицираниот стаж ќе можат да остварат право на пензија од идната година кога се очекува да завршат законските измени, како и со новиот концепт на пензионирање што го подготвува Министерството за труд и социјала.

Новиот концепт  предвивува дефинирање на возраст за пензионирање и процент на поминати години на работно место со бенeфициран стаж.

Ова значи дека работниците кои одат во пензија на возраст од 55 години ќе треба да имаат остварено и одреден процент (80 отсто) од работниот стаж поминат на работни места со бенeфициран стаж.

На овој начин  ќе исправи грешката според која, рудар на 65 години не може да оди во пензија доколку не работел 30 години на исто бенефицирано работно место.

За да се воведе работно место со бенефициран стаж треба да се испитаат условите под кои работи работникот, дали се преземаат сите мерки за безбедност, дали работниците често се разболуваат, дали настануваат повреди , дали просторот е обезбеден ако работат на отворено, велат во Министерството за труд и социјала.

Од таму потенцираат дека во моментот барање за испитување на условите за бенефициран стаж имаат поднесено работниците од Мермерниот комбинат во Прилеп и од РЕК Битола. Од Министерството најавија итно формирање на комисија.

„ Оваа Комисија не била формирана воопшто во 2012 година. Со ова се оневозможува барањата  кои стигнуваат за утврдување на професии кои треба да имаат бенефициран стаж не може да се разгледуваат.  Ние сметаме дека  освен што ќе биде формирана  комисија што поскоро, ќе се направи регистар за професии со ризик и систем на предвремено пензионирање  за да им с е вратат правата на работниците“, изјави Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

Во Македонија постојат повеќе професии за кои се пресметува бенифициран стаж каде покрај рударите, спаѓаат и дел од градежните работници вработени во полицијата и одбраната (нуркачи, пилоти), вработени во службите за итна медицинска помош и други јавни установи.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.