Во сите ординаци во државата денеска уште во раните утрински часови паднал компјутерскиот систем поради што лекарите сеуште не се во можност да закажуваат прегледи и да пишуваат електронски рецепти. Матичните лекари се во хаос.
Пациенти се револтирани и се караат со лекарите бидејќи неможат да си го остварат своето право на лекување.
-Блокиран е серверот на Министерството за здравство и ние не може да ги праќаме пациентите на специјалист, ниту да издаваме електронски рецепти. Комјутерскиот систем е оптоварен бидејќи стратуваваме одеднаш и со рецептите. Министерство наместо да го тестира системот го пушти без никаква претходна проверка и без претходни упатства изјави за НОВА доктор Фатмир Асани Координатор за примарна здравствена заштита и член на Здружението на приватни лекари на РМ.
Асани кој има ординација во Куманово вели дека сите матични лекари во градот во вкупно 100 ординации ги враќаат разбеснетите пациенти, а така е во цела држава. Тој нагласува дека немаат ништо против реформата но, бараат итно да се стопира проектот и да се продолжи рокот на тестирање и адаптација за да не страдаат пациентите.
-Што ќе се случи ако некој од пациентите почине. Ние ги враќаме пациентите, а тие дошле затоа што имаат мака,се караме со нив бидејќи неможат да разберат дека има проблем, не пцујат вели Асани.
Проблемот се јави бидејќи од денеска стартуваше електронскиот рецепт како дел од интегрираниот здравствен информатички систем.Матичниот лекар лекот треба да го препишува по електронски пат, а пациентот да го подигне во аптека.