Скандал на Клиниката за хематологија. Пациентите болни од леукемија од цела држава утринава се собраа да побараат одговор од раководството на клиниката зошто сакаат да им го сменат неопходниот лек, но беа избркани да чекаат два часа на улица бидејќи не се најавиле претходно кај директорката.
По долго убедување и натегање директорката Лидија Чевревска прво им рече да чекаат три пол часа за да бидат применува, но поради револтот и притисокот од пациентите состанокот го закажа за два часа подоцна за да може да се организира.
Пациентите се револтирани бидејќи на тендерот доби лек кој е со мала разлика поевтин, но е копија на оној што го примаат сега и не е одобрен од Европската агенција за лекови.
Откако ги почекаа по горештините надлежните да се организираат и договорат , пациентите седнаа на иста маса со нив. Состанокот поминал со многу викањње, расправии, кавги.
Пациентите за НОВА потврдија дека нема конкретен договор бидејќи тендерот бил веќе завршена работа. Тие најавија дека ќе бараат решение на нивниот проблем со прием кај министерот Тодоров.