Денот на независноста, општо познат како 4ти Јули, е федерален празник во САД по повод усвојувањето Декларацијата за независност, на 4 јули 1776 година, кога САД и официјално прогласи независност од Кралство на Велика Британија.
1: Независноста на Америка официјално потпишана на 4 јули, 1776
Знаеме дека 4ти јули се води како Денот на независноста, но Континенталниот Конгрес всушност прогласи независност на 2 јули. Конгресот го одобри документот два дена пдооцна, оттаму и датумот. Џон Адамс е човекот кој цврсто веруваше дека треба да се слави 2 јули, а протестот за славењето на четвртиот ден од месецот, го искажувал преку тоа што ги одбивал поканите за забава. На 3 јули, Адамс во писмо до својата сопруга Абигејл напишал:
„Вториот ден од јули, 1776 ќе биде најпознатата епоха во историјата на Америка. Јас верувам дека тоа ќе биде одбележано од страна на новите поколенија во големи фестивали. Треба да остане во сеќавањето како ден на ослободување, со свечени акти посветени на Бог Сèмоќниот. Тоа треба да биде возвишено со раскош и паради, со емисии, игри, спорт, пиштоли, камбани, логорски огнови, и илуминации, од едниот крај на овој континент до другиот, од овој момент па натаму“.
2: Џорџ Вашингтон ја потпишал Декларацијата
И покрај фактот што Декларацијата денес е зачувана во градот кој го носи неговото име, таткото на нацијата не бил дел од 56те луѓе чии потписи се наоѓаат на документот. Вашингтон не бил делегат туку командант на Континенталните сили за време кога декларацијата беше составувана. На 9 јули 1776, Вашингтон го прочитал документот во Градското собрание во Њујорк пред овации и многубројни гледачи, кој подоцна срушиле статуа на Џорџ III, кралот на Велика Британија и Ирска.
3: Копијата на оригиналниот документ е всушност самиот оригинал
Избледениот документ познат како оригиналот на Декларацијата за независност е напишана лично од страна на Тимоти Матлак на 19 јули. Позната како „монополизирана копија“, потпишана од сите 56 делегати. Но всушност, на копијата и претходат печатени копии на Декларацијата произведени од страна на Џон Данлап во неговата печатница. Се проценува дека Данлап испринтал 200 копии, денес познати како „ударни“. Копиите, од кои за 25 се верува дека сеуште постојат, биле распространети низ 13те нови држави, претходни колонии на Велика Британија.
Денот на независноста е често одбележан со огномети, паради, карневали, саеми, излети, концерти, семејни собири, и политички говори и церемонии, во прилог на разни други јавни и приватни настани со кои се слави историјата, владата, и традициите на САД.