НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неофицијално: Гостиварецот починал од Хеморагична треска-хантан

2
By Менче Атанасова Точи on July 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хеморагична треска-хантан  е причина за смртта на педесетгодишниот гостиварец кој почина пред четири дена на Инфективната клиника, неофицијално дознава НОВА.

Хеморагична треска предизвикана од хантан вирусот е причина за смртта на педесетгодишниот гостиварец кој почина пред четири дена на Инфективната клиника. Кај него е пронајден висок титар на Хантан вирус,  неофицијално дознава НОВА од лекарски извори. Станува збор за хеморагична треска при која откажуваат бубрезите поради инфекција со Хантан вирус.

Причината за смртта кај синот се уште со сигурност не е утврдена бидејќи во мострите земени за анализа не се развиле антитела.

Преносител на заразата е полскиот глушец кој овој вирус го исфрла преку изметот, плунката и мокрачата. Луѓето се инфицираат кога ќе дојдат во контакт со овие работи исфрлени од глушецот. Искуствата низ годините во пракса кажуваат дека од вирусот најмногу заболувале војниците, шумарите, сточарите, ловците кои многу лесно доаѓаат во контакт со заразниот материјал.

Инкубацијата трае две до четири недели по инфекцијата. Заболениот има треска, главоболка, температура, стомачни болки, повраќање, се јавуваат точкести крварења од кожата, тахикардија, како и хеморагичен шок. За неколку дена доаѓа до намалена функција на бубрезите и нивно откажување . Смртноста од оваа заболување изнесува од 0,1 до 15 проценти.

Стручњаците велат дека нема место за паника бидејќи во случајот е исклучена можноста од Конго-Кримска хеморагична треска која е многу опасна и заразна болест.

Обдукција кај таткото не е направена бидејќи не дозволиле  роднините. НОВА неофицијално дознава дека при обдукција на телото на неговиот син, 23 годишното момче не е утврдено никакво труење со пестициди или  други препарати за што исто така имало сомнеж.

На инфективната клиника донесени се уште три нови случаи, што значи вкупно девет заболени. Скоро сите се во роднински врски и од истиот регион селото, Симница кое се наоѓа на 10 километри од Гостивар. Лекарите велат дека кај хоспитализирани се уште е рано за да се создадат антитела на болеста и да се знае причинителот.

Екипи од Министерството за здравство, Санитарната и здравствена инспекција, од Агенцијата за храна и ветеринарство се наоѓаат во селото Симница.

Во трлото каде што чувале овци се врши дезинфекција и дератизација, велат за НОВА од Министерството з а здравство. Како што соопшти министерот Арбен Таравари мостри за анализа се испратени и во Тирана и Приштина за да се утврди со сигурност причинителот на болеста. та.

Како што вчера објави НОВА, Институтот за јавно здравје во ваква ситуација кога починаа двајца луѓе нема реагенси за да утврди за која болест или за кој тип на хеморагична треска се работи, така што директорот бил принуден преку приватни врски да земе на заем реагенси од Косово.

Референтната лабораторија во овој Институтот нема реагенси за многу други опасни заразни заболувања бидејќи им е блокирана сметка поради две извршни решенија, немаат да платат за струја на ЕВН и заостанат долг кон фирмата Фармахем.

Од Министерството за здравство велат дека се уште не размилсуваат за прогалсување на епидемија иако заболените се во роднински врски и според законот во таква ситуација за било која заразна болест се прогласува епидемија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.