Од опозициската ВМРО ДПМНЕ тврдат дека Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија не ги задоволува националните интереси на Република Македонија.
– Бараме од Социјалдемократскиот сојуз да се повлече. Не е доцна, минута до 12. Апелираме на совеста на пратениците на Социјалдемократскиот сојуз да не го поддржат овој договор. Не е доцна, вие пратениците од Социјалдемократскиот сојуз имате обврска и кон вашите предци но и кон вашите деца. Однесувајте се одговорно барем вие, оставете го господинот Зоран Заев сам на овој случај – рече на денешната прес конференција, Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Мицкоски, Договорот предвидува опасна можност за промена на македонските учебници и останатите идентитетски обележја кои што се дел од нашето историско наследство.




