НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските болници ќе добијат донација од чаршави и ќебиња

0
By Менче Атанасова Точи on August 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските болници ќе добијат чаршави, кебиња и перници од турската невладина огранизација ТИКА, најави министерот за здравство Арбен Травари. Во моментот и Министерството со пари од сопствениот буџет веќе набавува чаршави како прва помош за болниците каде што нема ниту чаршави, ниту пижами за болните.

„Од буџетот на Министерство веќе се набавуваат чаршави, а од  ТИКА ни најавија дека ќе донираат чаршави, ќебиња и перници. Нивни претставници веќе беа во Министерството и прашаа што е тоа што ни е итно потребно и дека може да помогнат. Им реков, ако може чаршави, ќебиња и перници, на што одговорија дека тоа веднаш може да го добиеме“, изјави Травари на брифингот со новинарите.

Покрај тоа што се во очајна состојба со основни работи, во болниците голем проблем е хигиената. Пациенти умираат од болнички бактерии кои виреат во операционите сали и болничките соби.

Таравари најави дека планираат да ангажираат надворешни специјализирани фирми. Но, за ова тој допрва треба да разговара со министерот за финасии за да се изнајдат дополнителни средства за оваа намена.

„ Ова е голем проблем, дури и високиот процент од доенечка смртност се должи на интерхоспитални инфекции. Размислуваме да ангажираме надворешни фирми кои ќе се грижат за комплетната хигиена во болниците и клиниките. Така работат во приватните болници, но и секаде во свет е така. Во моментот правиме студија за да видиме колку ќе чини сето тоа, а да направиме можност и хигиеничарките кои се вработени кај нас да бидат примени во фирмата која ќе биде избрана да чисти.  Трошоците може да се покријат дел со средства од Министерството, а дел од самите клиники“, најави Таравари.

 Во  македонските болници со години пациенти умираат не од болеста од која отишле да се лекуваат или од извршената операција. Докторите,  пациентите често ги губат заради интерхоспитални инфекции, односно поради опасни бактерии кои виреат во болниците, поради немање услови за постоперативна нега, нестручен болнички кадар, а најмногу од се поради нехигиената.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.