НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните треба да се изјаснат дали ќе ги донираат органите

0
By Менче Атанасова Точи on July 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Во иднина секој граѓанин на Македонија ќе мора да се изјасни дали сака да ги донира своите органи после смртта. Откако пред една недела измените на Законот за трансплантација поминаа во Собранието, Лекарската комора започна со подготовките за негова примена во праксата.

Веќе е формирана комисија за трансплантација која ќе се занимава со организациските работи, а наскоро треба да биде назначен и национален координатор. Етичката комисија ќе биде составена од матични лекари, нефролози, педијатри, филозофи и преставници од верските заедници.

-Најголемиот проблем со кој очекуваме дека ќе се соочиме е организационен и кадровски. Во здравството треба да се подобрат кадровските капацитети, да се работи на организација за сето тоа да може да функционира и да се едуцираат граѓаните изјави доктор Игор Николовски од Клиниката за нефрологија.

Првиот чекор се матичните лекари кои треба да земаат изјави од своите пациенти во кои тие треба да се изјаснат дали сакаат да ги донираат своите органи во случај на мозочна смрт.

Овој месец наши лекари ќе одат на обука во Хрватска која е водечка земја за кадаверичната трансплантација во Европа, а во октомври лекари ќе се обучуваат во Франција. Овој закон се заговараше во Македонија цели дваесет години, првите подготовки започнаа во време на екс министерот Владо Димов, но измените беа направени кога министеруваше неговиот наследник Бујар Османи.

Сите овие години медиумите имаа силно влијание за да се создаде поволна клима за донесување на законот и негова примена. Останува на тие што се назначени, како ќе ја организираат целата работа.

Во пракса очигледно сеуште не се создадени услови за да се развие свеста кај граѓаните за да ги донираат своите органи на тие што им се потребни во моментот. Во ВИДЕОТО погледнете како реагираат граѓаните на оваа тема.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.