Премиерот Зоран Заев, на покана на Европската фудбалска федерација (УЕФА), вечерва присуствува на свеченоста по повод финалето на Супер купот на УЕФА.
Заев изразил уверување дека се создадени сите услови овој врвен спортски настан да се одржи во најдобра атмосфера и дека Република Македонија и Скопје како домаќини, ќе ги оправдаат довербата и очекувањата и дека го заслужуваат вниманието на светот кое денеска и утре е свртено кон спортското одмерување на сили на фудбалските ѕвезди од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин му се заблагодарил на премиерот Зоран Заев и на Владата на Република Македонија за комплетната поддршка во организација на финалето на Супер купот.
Од фотографиите може да се забележи дека забавата се одржала во новиот објект на Македонскиот народен театар.







